Википедија:Уредувачки викенди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УВ

Уредувачки викенди — проект на заедницата на Википедија на македонски јазик, поддржан од здружението на граѓани „Викимедија МКД“ (во периодот 2016 — 2023 на „Споделено знаење“). Проектот се состои од одредување на викенд за уредување на претходно определена тема чија цел е подобрување на постоечките и создавање нови статии од различни области на Википедија на македонски јазик од страна на учесниците.

Правила[уреди извор]

Во уредувачкиот викенд право на учество имаат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик. Уредувањата на корисници со IP-адреса нема да бидат земени предвид.

Времетраењето на потфатот е од 00:00 (CET или CEST) во сабота до 23:59 (CET или CEST) во недела од викендот којшто е одреден за уредувачки. Сите уредувања што се забележани надвор од оваа временска рамка нема да бидат земени предвид.

Статиите коишто се предмет на уредување мора да бидат поврзани со темата на уредувачкиот викенд. Со цел да се олесни изборот на тема за уредување и да се спречи истовременото уредување на една иста тема од страна на повеќе корисници, обично се прават списоци со дадени теми кои им стојат на располагање на учесниците за уредување.

Предмет на уредување во уредувачкиот викенд се: 1) статии кои не постојат на Википедија на македонски јазик (создавање на нови статии) и 2) постоечки статии на Википедија на македонски јазик (подобрување на статии).

Список на уредувачки викенди[уреди извор]

Логото на Споделено знаење, организаторот на проектот од 2017 до 2023 година.

2017[уреди извор]

2018[уреди извор]

2019[уреди извор]

2020[уреди извор]

2021[уреди извор]

2022[уреди извор]

2023[уреди извор]

2024[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]