Воени прогонства на Германците (1944–1950)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Германски бегалци
Германски бегалци
Германски бегалци

Во подоцнежните фази на Втората светска војна и повоениот период, германските граѓани и лицата од германското потекло често биле цел на протерување или бегање од разни земји од Источна Европа и Средна Европа и испраќани на преостанатите територии на Германија и Австрија. По 1950 година, некои од нив емигрирале во САД, Австралија и други земји. Населените области ги опфаќаат поранешните Источни територии на Германија, кои биле припоени кон Полска и Советскиот Сојуз по војната, како и од Германците кои живееле во предвоените граници на Полска[1] , Чехословачка, Унгарија, Романија, Југославија и балтичките држави. Нацистите направиле планови да отстранат голем број на луѓе од словенско и еврејско потекло од Источна Европа и да ја населат областа со Германци[2][3]. Повоеното протерување на Германците формирало голем дел од геополитичката и етничката реконфигурација на Источна Европа по Втората светска војна, која се обидела да создаде етнички хомогени нации во рамките на редефинираните граници[4]. Помеѓу 1944 и 1948 година, околу 31 милиони луѓе, вклучително и етнички Германци, како и германски државјани, биле трајно или привремено протерани од Централна и Источна Европа[5].

До 1950 година, вкупно околу 12 милиони Германци избегале или биле протерани од Источна и Средна Европа во Западна Германија и Австрија. Западната германска влада бројките ги проценува на 14 милиони, вклучувајќи етнички германски мигранти во Германија по 1950 година и децата родени со протераните нивни родители. Најголемиот број доаѓале од постоечките германски територии што се предале на Полска[6][7] и Советскиот Сојуз (околу 7 милиони) и од Чехословачка (околу 3 милиони).

Бројот на жртвите е спорен, со проценки кои се движат од 500.000, до демографска проценка на Западна Германија од 1950-тите години од над 2 милиони. Неодамнешните проценки од страна на некои историчари содржат бројка од 500-600.000 потврдени смртни случаи. Тие тврдат дека луѓето на западногерманските власти немале соодветна поддршка и дека за време на Студената војна повисоките бројки се користеле за политичка пропаганда[8][9]. Германскиот историски музеј ја става оваа бројка на 600.000, тврдејќи дека бројката од 2 милиони смртни случаи во претходните владини студии не може да биде поддржана[10]. Сегашната официјална позиција на германската влада е дека бројот на жртвите се движи од 2 до 2,5 милиони цивили[11][12][13].

Отстранувањата се случиле во три фази кои се преклопуваат, од кои првата била организирана евакуација на етничките Германци од страна на нацистичката влада во пресрет на напредната Црвена армија, од средината на 1944 до почетокот на 1945 година[14]. Втората фаза била неорганизираното бегство на етничките Германци веднаш по поразот на Вермахтот. Третата фаза била поорганизирано протерување по Потсдамскиот договор на сојузничките лидери[14], кој ги редефинирал границите на Средна Европа и ги одобрил протерувањата на етничките Германци од Полска, Чехословачка и Унгарија[15]. Многу германски цивили биле испратени во логори на принудна работа како дел од германските репарации во земјите во источна Европа. Големите протерувања биле завршени во 1950 година[16]. Проценките за вкупниот број на лица од германско потекло кои сé уште живеат во Централна и Источна Европа во 1950 година се движат од 700.000 до 2,7 милиони.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eberhardt, Piotr (2015). "The Oder-Neisse Line as Poland's western border: As postulated and made a reality". Geographia Polonica. 88 (1).
  2. Hans-Walter Schmuhl. The Kaiser Wilhelm Institute for Anthropology, Human Heredity, and Eugenics, 1927–1945: crossing boundaries. Volume 259 of Boston studies in the philosophy of science. Coutts MyiLibrary. SpringerLink Humanities, Social Science & LawAuthor. Springer, 2008. ISBN 1-4020-6599-X, 9781402065996, p. 348–349
  3. "Yad Vashem, Generalplan Ost" (PDF).
  4. Jan-Werner Müller (2002). Nationhood in German legislation. Memory and Power in Post-War Europe: Studies in the Presence of the Past. Cambridge University Press. стр. 254–256. ISBN 052100070X. Посетено на 30 January 2015.
  5. Paul Robert Magocsi, Historical Atlas of East Central Europe, University of Washington Press (1993), pp. 164-68; ISBN 0295972483. Porter, The Ghosts of Europe.
  6. Eberhardt, Piotr (2006). Political Migrations in Poland 1939-1948 (PDF). Warsaw: Didactica. ISBN 9781536110357.
  7. Eberhardt, Piotr (2011). Political Migrations On Polish Territories (1939-1950) (PDF). Warsaw: Polish Academy of Sciences. ISBN 978-83-61590-46-0.
  8. Ingo Haar, "Herausforderung Bevölkerung: zu Entwicklungen des modernen Denkens über die Bevölkerung vor, im und nach dem Dritten Reich". "Bevölkerungsbilanzen" und "Vertreibungsverluste". Zur Wissenschaftsgeschichte der deutschen Opferangaben aus Flucht und Vertreibung, Verlag für Sozialwissenschaften 2007; ISBN 978-3-531-15556-2, p. 278 (германски)
  9. Rüdiger Overmans, "Personelle Verluste der deutschen Bevölkerung durch Flucht und Vertreibung" (a parallel Polish summary translation was also included, this paper was a presentation at an academic conference in Warsaw in 1994), Dzieje Najnowsze Rocznik, XXI -1994
  10. Die Flucht der deutschen Bevölkerung 1944/45, dhm.de; accessed 6 December 2014.(германски)
  11. Kammerer, Willi. "Narben bleiben die Arbeit der Suchdienste — 60 Jahre nach dem Zweiten Weltkrieg" (PDF). Berlin Dienststelle 2005. Посетено на 28 October 2017.the foreword to the book was written by German President Horst Köhler and the German interior minister Otto Schily
  12. Christoph Bergner, Secretary of State in Germany's Bureau for Inner Affairs, outlines the stance of the respective governmental institutions in Deutschlandfunk on 29 November 2006, [1]
  13. "Bundeszentrale für politische Bildung, Die Vertreibung der Deutschen aus den Gebieten jenseits von Oder und Neiße", bpb.de; accessed 6 December 2014.(германски)
  14. 14,0 14,1 Matthew J. Gibney; Randall Hansen (2005). Immigration and Asylum: From 1900 to the Present. Santa Barbara, Calif.: ABC-CLIO. стр. 197–98. ISBN 1-57607-796-9.
  15. "Agreements of the Berlin (Potsdam) Conference, 17 July – 2 August 1945". PBS. Архивирано од изворникот на 31 октомври 2010. Посетено на 29 август 2009.
  16. Gerhart Tubach; Kurt Frank Hoffmeister; Frederic Reinhardt, уред. (1992). Germany: 2000 Years: Volume III: From the Nazi Era to German Unification (изд. 2.). Continuum International Publishing Group. стр. 57. ISBN 0-8264-0601-7. Посетено на 28 August 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]