Сојузници во Втората светска војна
Сојузниците во Втората светска војна биле земјите кои се бореле против Силите на оската во текот на Втората светска војна. Од многуте земји кои учествувале во борбата против Силите на оската, и тоа Австралија, Белгија, Бразил, Грција, Југославија, Јужна Африка, Канада, Кина, Луксембург, Мексико, Нов Зеланд и Норвешка, предводници на овој сојуз биле САД, СССР и Велика Британија.
На овој сојуз подоцна им се приклучиле и други земји, како што биле ослободувани од окупацијата на Германија, па дури и некои нејзини претходни сојузнички, како што е случајот со Бугарија која се приклучила на 8 ноември 1944, иако претходно била во сојуз со Силите на оската.
Покрај тоа, и владите во прогонство на Франција и Полска биле сметани за сојузнички, иако овие земји биле окупирани од Германија и во нив не се воделе ослободителни војни.[1][2]
Во декември 1941, Рузвелт ја смислил кованицата „Обединети Нации“ за сојузниците, што подоцна послужиле како идеја за името на Организацијата на ОН.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Polish veterans to take pride of place in victory parade Архивирано на 18 март 2007 г., Financial Times, 2005-07-05. Access date: 2008-05-02.
- ↑ Hakim, Joy (1995). A History of Us: War, Peace and all that Jazz. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-509514-6.
- ↑ Douglas Brinkley, FDR & the Making of the U.N.
|