Крај на Втората светска војна во Азија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Втората светска војна во Азија официјално завршила на 2 септември 1945 година, по капитулацијата на Јапонија на бродот Мисури. Пред тоа, САД фрлиле две атомски бомби врз Јапонија, а Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија, по што јапонскиот цар Хирохито на 15 август 1945 објавил дека ја прифаќа Потсдамската декларација, што на крајот довело до церемонијата на официјално предавање на 2 септември.

По церемонијата, јапонските вооружени сили продолжиле да се предаваат долж Тихоокеанското боиште, а последното големо предавање било на 25 октомври 1945 година, откако јапонските сили во Тајван му се предале на Чанг Кај Шек. Американците по завршувањето на војната ја окупирале Јапонија сѐ до 28 април 1952 година, кога стапил на сила Договорот од Сан Франциско.

Претходни настани[уреди | уреди извор]

Советска согласност за инвазија на Јапонија[уреди | уреди извор]

На Конференцијата во Техеран, одржана од 28 ноември до 1 декември 1943 година, Советскиот Сојуз се согласил да ја нападне Јапонија „по поразот на Германија“, а на Конференцијата во Јалта (4 февруари - 11 февруари 1945) Советскиот Сојуз допрецизирал дека ќе ја нападне Јапонија во рок од 2 или 3 месеци по капитулацијата на Германија.[1][2] На 5 април 1945 година, Советскиот Сојуз го поништил Советско-јапонскиот пакт за неутралност потпишан на 13 април 1941 година, затоа што сега Советскиот Сојуз се спремал за војна со Јапонија.[3]

Предавање на силите на Оската во Европа[уреди | уреди извор]

Најголемите јапонски сојузници во Европа почнале да се предаваат во 1945 година; последните италијански трупи се предале во „Реденцијата од Казерта“ на 29 април 1945 година,[4] а Германците се предале на 8 мај 1945 година,[5] со што Јапонија останала последна моќна држава од Оската која сѐ уште била во војна.

Потсдамска конференција и декларација[уреди | уреди извор]

Конференцијата во Потсдам започнала на 17 јули 1945 г., и сојузниците претежно се занимавале со настаните кои требало да се случат во Европа по предавањето на Оската, но разговарале и за војната против Јапонија.[6] На 26 јули 1945 година била објавена Потсдамската декларација со која Јапонија се повикува на безусловно предавање, а во спротивно би се соочила со „брзо и целосно уништување“.

This is Clement Attlee, Prime Minister of the United Kingdom, Harry Truman, President of the United States, and Joseph Stalin, leader of the Soviet Union, sitting together at the Potsdam Conference.
Од лево кон десно: Клемент Атли, Хари Труман и Јосиф Сталин на Потсдамската конференција.

Завршни фази од војната[уреди | уреди извор]

Пред неформалното предавање на Јапонија[уреди | уреди извор]

Атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки[уреди | уреди извор]

This is the atomic cloud over Hiroshima, Japan, after "Little Boy", a nuclear weapon, is dropped on the city.
Атомскиот облак над Хирошима откако „Малото момче“ е фрлено врз градот

На 6 август 1945 година, врз Хирошима била фрлена нуклеарна бомба. Тогаш за прв пат било употребено атомско оружје во војна. 70.000 луѓе веднаш биле убиени; до крајот на годината умреле уште 30.000.

На 9 август 1945 година, втора и помоќна атомска бомба со била фрлена врз Нагасаки. Првична цел бил градот Кокура, но густи облаци го покриле градот, па авионот бил пренасочен кон секундарната цел, Нагасаки. Бомбата веднаш убила 40.000 луѓе, а до крајот на годината умреле уште 30.000.[7]

Атомските бомбардирања биле една од можните причини зошто царот Хирохито решил да се предаде.[7]

Советско-јапонска војна[уреди | уреди извор]

На 8 август 1945 година, Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Јапонија. Советските војски ја нападнале Манџурија од сите страни, освен од југ.[8] На 10 август 1945 година, советските сили ја нападнале префектурата Карафуто.[9]

Неформално предавање на Јапонците[уреди | уреди извор]

На 9 август, по атомската бомба во Нагасаки, Хирохито на состанок со неговиот кабинет рекол дека не верува дека Јапонија може да продолжи да се бори. Следниот ден, јапонското Министерство за надворешни работи им пренело на сојузниците дека ќе ја прифатат Потсдамската декларација. Вечерта на 14 август, Хирохито направил аудио снимка во која изјавува дека ја прифаќа Потсдамската декларација. Снимката била емитувана следниот ден на пладне.[10]

Последици[уреди | уреди извор]

Portrait of Chiang Kai-shek, a generalissimo for China.
Генералисимус Чанг Кај Шек, март 1945 година
2 септември 1945 година
Се предал јапонскиот гарнизон во Пенанг, а Британците почнуваат да го окупираат Пенанг.[11]
4 септември 1945 година
Се предале јапонските трупи на островот Вејк.[12]
5 септември 1945 година
Британците се истовариле во Сингапур .[11]
5 септември 1945 година
Советите ја завршиле окупацијата на Курилските острови.
6 септември 1945 година
Се предале јапонските сили во Рабаул и во Папуа Нова Гвинеја.[13]
8 септември 1945 година
Мекартур влегува во Токио.[14]
8 септември 1945 година
Американските сили се истовариле во Инчеон за да ја окупираат Кореја јужно од 38-та паралела.[15]
9 септември 1945 година
Се предале јапонските сили во Кина.[16]
9 септември 1945 година
Се предале јапонските сили на Корејскиот Полуостров.[15]
10 септември 1945 година
Се предале јапонските сили на Борнео.[17]
10 септември 1945 година
Јапонците во Лабуан се предале.[18]
11 септември 1945 година
Јапонците во Саравак се предале.[19]
12 септември 1945 година
Јапонците во Сингапур формално се предале.[20]
13 септември 1945 година
Јапонците во Бурма формално се предале.[21]
16 септември 1945 година
Јапонците во Хонгконг формално се предале.[22]
25 октомври 1945 година
Јапонците во Тајван му се предале на Чанг Кај Шек.[23]

Окупација на Јапонија[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Втората светска војна, Јапонија била окупирана од сојузниците, првенствено од Соединетите држави а мал дел и од Австралија, Индија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. За прв пат во јапонската историја оваа островска држава била окупирана од странска држава.[24] Мировниот договор од Сан Франциско, потпишан на 8 септември 1951 година, го означил крајот на окупацијата, а откако стапил на сила на 28 април 1952 година, Јапонија повторно станала независна земја.[25]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Milestones: 1937–1945 - Office of the Historian“. history.state.gov. Посетено на 2021-11-04.
  2. „Yalta Conference | Summary, Dates, Consequences, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-11-04.
  3. „The Avalon Project : Soviet Denunciation of the Pact with Japan“. avalon.law.yale.edu. Посетено на 2021-11-04.
  4. „The Day the War Ended in Italy“. Italy Star Association 1943-1945 (англиски). Посетено на 2021-11-04.
  5. „Germany's surrender | World War II [1945]“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-11-04.
  6. „Potsdam Conference | Facts, History, & Significance“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-11-04.
  7. 7,0 7,1 „atomic bombings of Hiroshima and Nagasaki | Date, Facts, Significance, Timeline, Deaths, & Aftermath“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-11-04.
  8. „Soviet-Japan and the termination of the Second World War“. The National Archives (англиски). 2020-09-02. Посетено на 2021-11-05.
  9. „KOREA IS INVADED; Russians Also Strike into South Sakhalin Island, Says Tokyo GAIN IN MANCHURIA Soviets Cross Amur and Ussuri Rivers, Advance Near Lake Bor RUSSIAN PINCERS GRIP MANCHURIA Heaviest Fighting in West Russians Bomb Harbor“. The New York Times (англиски). 1945-08-10. ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-11-05.
  10. Polmar, Thomas B. Allen, Norman (2015-08-07). „The 4-Minute Radio Broadcast That Ended World War II“. The Atlantic (англиски). Посетено на 2021-11-05.
  11. 11,0 11,1 „BBC - WW2 People's War - Operation Jurist and the end of the War“. www.bbc.co.uk. Посетено на 2021-11-06.
  12. „1945: September 4: Japanese Surrender and Prisoners of War on Wake Island“. public1.nhhcaws.local (англиски). Посетено на 2021-11-06.[мртва врска]
  13. „Instrument of Surrender – surrender of all Japanese Armed Forces in Papua New Guinea | naa.gov.au“. www.naa.gov.au. Посетено на 2021-11-06.
  14. „Occupation of Japan and the New Constitution | American Experience | PBS“. www.pbs.org (англиски). Посетено на 2021-11-06.
  15. 15,0 15,1 „Surrender of Japan in Korea“. history.navy.mil (англиски). Посетено на 2021-11-06.
  16. „Witnessing Japan's surrender in China“. BBC News (англиски). 2015-09-02. Посетено на 2021-11-06.
  17. „BALIKPAPAN, BORNEO, 1945-09-10. SURRENDER OF ALL JAPANESE FORCES IN THE BALIKPAPAN AREA, AT THE ...“. www.awm.gov.au (англиски). Посетено на 2021-11-08.
  18. „Surrender to Major-General Wootten at Labuan“. www.awm.gov.au (англиски). Посетено на 2021-11-08.
  19. „Sarawak to commemorate Japan Surrender“. Borneo Post Online (англиски). Посетено на 2021-11-08.
  20. „Japanese surrender | Infopedia“. eresources.nlb.gov.sg. Посетено на 2021-11-08.
  21. „THE JAPANESE SURRENDER IN BURMA, 1945“. Imperial War Museums (англиски). Посетено на 2021-11-08.
  22. „What happened when the Japanese surrendered?“. South China Morning Post (англиски). 2015-08-29. Посетено на 2021-11-08.
  23. „Lien\'s campaign TV ads to stress love for Taiwan - Taipei Times“. www.taipeitimes.com. 2003-10-07. Посетено на 2021-11-08.
  24. The Metropolitan Museum of Art. „Heilbrunn Timeline of Art History: Japan, 1900 a.d.–present“. Посетено на 2009-02-01.
  25. „volume- 136-i- 1832-english.pdf“ (PDF).