6 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Ноември 2024 6 ноември — 310-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (311-и во престапна година). Остануваат 55 денови до крајот на годината.

Настани:

355  Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадникот за цар на Рим.
1315  Данте Алигиери е осуден на смрт.
1512  Фернандо Магелан пристигнал на Молучките Острови.
1860  Абрахам Линколн станал претседател на САД.
1942  Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.
1943  Втора светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев.
1944  Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1984  Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД.
1996  Хрватска била примена во Советот на Европа.

Родени:

1479  Јована I Кастиљска — кралица на Кастиља и Леон.
1494  Сулејман Величествениот — отомански султан.
1661  Карлос II — крал на Шпанија.
1787  Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот литературен јазик.
1814  Адолф Сакс — белгиски призводител на дувачки инструменти.
1880  Роберт Музил — австриски писател.
1909  Трајко Прокопиев — македонски композитор и диригент.
1921  Јован Кокаловски — македонски поет, новинар и публицист.
1923  Антоние Исаковиќ — српски и југословенски писател.
1932  Предраг Гојковиќ - Цуне — српски фолк-пејач.
1937  Владимир Дурковиќ — српски и југословенски фудбалер.
1939  Јордан Добревски — македонски писател за деца и драмски автор.
1946  Сали Филд — американска глумица.
1948  Роберт Хибнер — германски шахист.
1950  Енвер Хаџиабдиќ — босански и југословенски фудбалер.
1953  Жељко Јерков — југословенски и хрватски кошаркар.
1955  Пол Ромер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2018 година.
1959 Златко Жоглев - универзитетски професор и писател.
1970  Итан Хок — американски глумец.
1979  Ламар Одом — американски кошаркар.
1979  Алесандро Балан — италијански велосипедист.
1986  Томас де Гент — белгиски велосипедист.
1987  Ана Ивановиќсрпска тенисерка.
1988  Ема Стоун — американска глумица.
1995  Андре Силва — португалски фудбалер.

Починале:

1032  Јован XIX — римски папа.
1406  Инокентиј VII — римски папа.
1632  Густав II Адолф — шведски крал.
1836  Шарл X — француски крал.
1836  Карел Хинек Маха — чешки поет.
1893  Петар Илич Чајковски — руски композитор и еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1915  Христо Чернопеев — бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење.
1933  Андреј Љапчев — премиер на Бугарија.
1989  Владимир Хоровиц — американски пијанист.
1996  Драган Кресоја — српски и југословенски режисер.
2021  Маринко Роквиќ — српски фолк-пејач.