17 ноември
Изглед
Предлошка:Ноември 2026 17 ноември — 321-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (322-и во престапна година). Остануваат 44 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1558 | На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите. |
| 1913 | Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година. |
| 1984 | Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада. |
| 1989 | Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција. |
| 1991 | Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност. |
| 1991 | Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ). |
| 2006 | Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО. |
| 2008 | Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995. |
Родени:
| 9 | Веспазијан — римски цар. |
| 1291 | Филип V — француски крал. |
| 1755 | Луј XVIII — француски крал. |
| 1773 | Витез Михај Чоконаи — унгарски поет. |
| 1790 | Август Фердинанд Мебиус — германски математичар, творец на Мебиусовата лента. |
| 1887 | Бернард Монтгомери — британски генерал. |
| 1895 | Кирил Преславски — бугарски кнез. |
| 1925 | Рок Хадсон — американски глумец. |
| 1928 | Звонимир Лепетиќ — хрватски и југословенски глумец. |
| 1929 | Ранко Жеравица — српски и југословенски кошаркарски тренер. |
| 1930 | Драгослав Михаиловиќ — српски писател и академик. |
| 1937 | Питер Кук — англиски глумец. |
| 1942 | Мартин Скорсезе — американски режисер. |
| 1944 | Џин Кларк — американски рок-музичар, член на групата „Бердс“ (Byrds). |
| 1944 | Дени Девито — американски глумец. |
| 1945 | Срѓан Карановиќ — српски и југословенски режисер. |
| 1963 | Дилан Волш — американски глумец. |
| 1966 | Џеф Бакли — американски рок-музичар. |
| 1966 | Софи Марсо — француска глумица. |
| 1971 | Мајкл Адамс — англиски шаховски велемајстор. |
| 1979 | Микел Астарлоса — шпански велосипедист. |
| 1980 | Михаил Чипурин — руски ракометар. |
| 1983 | Кристофер Паолини — американски романописец. |
| 1986 | Нани — португалски фудбалер. |
| 1989 | Енрико Батаљин — италијански велосипедист. |
Починале:
| 375 | Валентинијан I — римски цар. |
| 474 | Лав II — византиски цар. |
| 1558 | Марија I — кралица на Англија. |
| 1796 | Катерина II — царица на Русија. |
| 1858 | Роберт Овен — англиски социјалист. |
| 1917 | Огист Роден — француски вајар. |
| 1947 | Виктор Серге — француски анархист. |
| 2001 | Михаел Кароли — германски рок-музичар. |
| 2006 | Ференц Пушкаш — унгарски фудбалер. |
| 2021 | Јанг Долф — американски рапер. |
Празници:
| * | Светски ден на непушењето |