Европска ракометна федерација
Лого на федерацијата | |
| Основана | 1991 |
|---|---|
| Вид | спортска организација |
| Седиште | Виена, Австрија |
| Членство | 50 членки |
| Службени јазици | англиски |
| Ген. секретар | Михаел Видерер |
| Мреж. место | eurohandball.com |
Европска ракометна федерација (англиски: European Handball Federation, EHF или ЕХФ) — раководен орган на ракометот во Европа. Основана е во 1991 г. со седиште во Виена, Австрија и брои 50 федерации-членки и две вонредни федерации (Англија и Шкотска). Тековен претседател е Жан Брио (на служба до 2016 г), а генерален секретар е Михаел Видерер.
Историјат
[уреди | уреди извор]ЕХФ е основана на 17 ноември 1991 г. во Берлин, Германија, но на првиот собир одржан на 5 јуни 1992 г. е одлучено седиштето на организацијата да биде во Виена, Австрија со почеток од 1 септември истата година. Во 2012 г. федерацијата одбележала јубилејни 20 години од своето постоење.[1] Во прво време во неа членувале 29 земји, но денес тој број се има накачено на 49 земји. Федерацијата ги застапува своите членови и во развојот на спортот — како за препознавање надарени играчи, така и деловниот развој на спортот. Најголеми извори на приходи за ЕХФ се првенствата кои ги организира, додека пак за најпривлечни за нови играчи и љубители се сметаат училишните ракометни натпревари и ракометот на песок.
Првенства
[уреди | уреди извор]- Европски првенства
- Европско првенство во ракомет за мажи
- Европско првенство во ракомет за жени
- Европско јуниорско првенство во машка конкуренција
- Европско јуниорско првенство во женска конкуренција
- Европско младинско првенство во машка конкуренција
- Европско младинско првенство во женска конкуренција
- Машки клупски турнири
- Лига на шампиони во ракомет
- Ракометен куп
- Куп на победниците на Ракометниот куп
- Предизвикувачки ракометен куп
- Женски клупски турнири
Прваци
[уреди | уреди извор]| Турнир | Мажи | Жени | Јуниори (М) | Јуниори (Ж) | Младинци (М) | Младинци (Ж) |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Европско првенство | ||||||
| Ракомет на песок | Мажи | Жени | ||||
| Ракомет на песок | ||||||
Членки
[уреди | уреди извор]|
Вонредни федерации |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ЕХФ ја прослави 20-годишнината во Виена“. Европска ракометна федерација. Посетено на 1 септември 2012. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Европска ракометна федерација“ на Ризницата ? |
| ||||||||||