7 ноември
Изглед
Предлошка:Ноември 2026 7 ноември — 311-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (312-и во престапна година). Остануваат 54 денови до крајот на годината.
Настани:
| 680 | Започнал Шестиот вселенски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16 септември 681. година, била дека Исус има двојна природа — човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитите дека има само божја природа. |
| 1665 | Започнал да излегува најстариот опстанат весник, „Лондон газет“. |
| 1917 | (23 октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција. |
| 1944 | НОВ: Ослободен е Охрид |
| 1995 | Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. |
| 2004 | Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата. |
Родени:
Починале:
| 644 | Омар ибн ел-Хатаб — вториот калиф на исламот. |
| 1550 | Џон Арасон — последниот римокатолички епископ на Исланд. |
| 1817 | Жан Андре Делик — швајцарски геолог и метеоролог. |
| 1850 | Феликс Арвер — француски поет и драматург. |
| 1878 | Абрам Рабинович — советски шахист. |
| 1978 | Џејмс Тани — американски боксер. |
| 1980 | Стив Меквин — американски глумец. |
| 1992 | Александар Дубчек — словачки политичар (р. 1921) |
| 2011 | Џо Фрејзер — американски боксер. |
| 2024 | Наде Проева — македонска историчарка и класицист. |