Прејди на содржината

Хемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хемичар)
Хемијата претставува наука која се занимава со изучување на составот, структурата и својствата на материјата, како и промените на кои е подложена за време на хемиските реакции.


Хемијаприродна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при хемиските реакции[1]. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијата.

Основни концепти во хемијата

[уреди | уреди извор]
Елементарни честички во атом од хелиум: два електрона (жолти) кои се околу јадрото, во електронската обвивка; протони (црвени) и два неутрона (зелени), кои се наоѓаат во јадрото на атомот.

Во физиката и хемијата, атомот претставува најмала структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.

Хемиски елемент

[уреди | уреди извор]

Хемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.

Соединение

[уреди | уреди извор]

Хемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми[2][3]. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.

Супстанца

[уреди | уреди извор]

Молекула

[уреди | уреди извор]

Во хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атома кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска[4][5].

Јони и соли

[уреди | уреди извор]

Хемиска врска

[уреди | уреди извор]

Хемиска реакција

[уреди | уреди извор]

Енергија

[уреди | уреди извор]

Поддисциплини

[уреди | уреди извор]

Различните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.

  1. неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;
  2. органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
  3. биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите организми;
  4. физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и субмолекуларно ниво;
  5. аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.

Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).

Хемијата како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Chemistry. (n.d.). Merriam-Webster's Medical Dictionary. пристапено на: 19 август 2007.
  2. The Free Dictionary Online "Chemical compound."
  3. Elements and Compounds
  4. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (1994) "molecule". doi:10.1351/goldbook.{{{file}}}Error in template * mandatory parameter missing (GoldBookRef): file
  5. Pauling, Linus (1970). General Chemistry. New York: Dover Publications, Inc. ISBN 0-486-65622-5.
    Ebbin, Darrell, D. (1990). General Chemistry, 3th Ed. Boston: Houghton Mifflin Co. ISBN 0-395-43302-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
    Brown, T.L. (2003). Chemistry – the Central Science, 9th Ed. New Jersey: Prentice Hall. ISBN 0-13-066997-0.
    Chang, Raymond (1998). Chemistry, 6th Ed. New York: McGraw Hill. ISBN 0-07-115221-0.
    Zumdahl, Steven S. (1997). Chemistry, 4th ed. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-669-41794-7.
  6. Роберт Ворд, „Хемија“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 56-91.
  7. Discogs, Goldie ‎– Timeless (пристапено на 24.11.2020)
  8. DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions ‎– Armed Forces (пристапено на 29.4.2020)