Аналитичка хемија
Аналитичката хемија е субдисциплина на хемијата и претставува анализа на различни примероци од материјали со цел да се добијат податоци за нивниот хемиски состав и структура.
Поделба
[уреди | уреди извор]Аналитичката хемија може да се подели на два основни видови, квалитативна и квантитативна:
- 1. Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден образец.
- 2. Квалитативната органска анализа го анализира присуството на некоја функционална група или органско соединение во еден образец.
- 3. Квантитативната анализа го определува количеството на некој елемент или соединение во даден образец.
Поголемиот дел од современата аналитичка хемија е квантитативен. Квантитативната анализа може и понатаму да се подели на различни области на проучување. Еден материјал може да биде анализиран за да се утврди количеството на некој елемент во него, или, пак, количеството на некој елемент во биолошките системи - молекулите на животот се состојат од јаглерод, водород, кислород, азот и други, во голема мерка - комплексни структури.
Техники
[уреди | уреди извор]Постојат многу голем број на техники со кои се одвојуваат, детектираат или мерат хемиските состојки, како:
- Сепарација на хемикалии со цел да се измери тежината или волуменот на финалниот продукт.
- Титрацијата е бавно додавање на стандарден раствор во аналитот, сè додека не дојде до изедначување на концентрациите на стандардниот раствор и на аналитот.
- Анализа на супстанциите со инструменти, користејќи спектроскопија
- Масената спектроскопија се користи за одредување на молекуларната маса, составот и структурата на некој елемент во образец со помош на јонизација на молекулите и набљудување на нивното однесување во електрично и магнетно поле.
- Во многу техники се комбинираат два или повеќе аналитички методи (понекогаш нарекувани и "хибридни методи"). Таква е на пример ICP-MS (Индуктивно-спарена плазма - Масена спектроскопија) и многу други техники.
Методи
[уреди | уреди извор]Аналитичките методи се засноваат на строга чистота, подготовка на образецот, брзина и прецизност.
Ако концентрацијата на даден елемент во соединение или образец е премногу висока за детекциониот дофат на некоја направа (техника), истото може да се разреди со чист растворувач. Додека во обратен случај е обратно - се користи метод на адиција.
Трендови во аналитичката хемија
[уреди | уреди извор]Дисциплини кои рапидно се развиваат во рамките на аналитичката хемија се:
- Хемометрија - примена на математички и статистички методи во хемијата - анализа на хемиски податоци.
- Протеомика - анализа на концентрацијата на белковини и нивна модификација, на пример, во организмот.
- Метаболомика - слична на протеомиката, но се занимава со метаболизмот.
- Маталомика - слична на претходните две, но се занимава со концентрацијата на метали и посебно со нивното сврзување со белковини или други молекули.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Аналитичка хемија на Ризницата ?
- Георгиевска, Станка (2010). Аналитичка хемија : втора година : хемиско-технолошка струка : хемиско-технолошки техничар и прехранбен техничар (PDF). Скопје: Министерство за образование и наука на РМ. ISBN 978-608-226-031-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-18. Посетено на 2018-08-11.
|
|