Квалитативна неорганска анализа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден примерок за анализа.

Идентификација на катјони[уреди | уреди извор]

1ва аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Во 1вата аналитичка група на катјони спаѓаат: Ag+, Hg2+
2
и Pb2+. Во реакција со групниот реагенс, хлороводородна киселина обично со концентрација од 1–2 M, се таложат како хлориди, кои се нерастворливи во вода.

2ра аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Во 2рата аналитичка група на катјони спаѓаат: Cd2+, Bi3+, Cu2+, As3+, As5+, Sb3+, Sb5+, Sn2+, Sn4+ и Hg2+. Во реакција со групниот реагенс, сулфуроводородна киселина, се таложат како сулфиди.

3та аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Во 3та аналитичка група на катјони спаѓаат: Fe2+, Fe3+, Al3+ и Cr3+. Во реакција со групниот реагенс, амониум хидроксид, се таложат како нерастворливи хидроксиди. Реакцијата се изведува на pH од 8–9, што се постигнува со додавање на пуферски раствор.

4та аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Во 4та аналитичка група на катјони спаѓаат: Zn2+, Ni2+, Co2+ и Mn2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум сулфид во базна средина, се таложат како слабо растворливи сулфиди.

5та аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Во 5та аналитичка група на катјони спаѓаат: Ba2+, Ca2+ и Sr2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум карбонат во базна средина, се таложат како карбонати.

6та аналитичка група на катјони[уреди | уреди извор]

Катјоните кои остануваат после внимателно одделување на претходните групи се вбројуваат во шеста аналитичка група. Тука спаѓаат: Mg2+, Li+, Na+ и K+.

Идентификација на анјони[уреди | уреди извор]