Молекуларна маса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Молекуларната маса, позната од порано и како молекуларна тежина, се дефинира како збир од атомските маси на сите атоми во една молекула. Се разликуваат релативна молекуларна маса (не се изразува во единица мерка) и апсолутна молекуларна маса (се изразува во kg, g или Da).

Моларната маса, меѓутоа, е збир од сите атомски маси на поединечните елементи од молекулата во еден мол честици и се изразува како маса на мол (најчесто g/mol).

Релативна молекуларна маса[уреди | уреди извор]

Релативната молекуларна маса е однос меѓу средната маса на формулната единка и 1/12 од масата на атомот на нуклидот 12C, односно релативната молекуларна маса е еднаква на збирот од релативните атомски маси кои ја градат формулната единка.