22 ноември
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Предлошка:Ноември 2021 22 ноември — 326-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (327-и во престапна година). Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак стрелец.Остануваат 39 денови до крајот на годината.
Настани:
1908 | Во Битола е усвоена албанската азбука. |
1943 | Либан стекнува независност од Франција. |
1963 | Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди. |
1974 | Генералното собрание на Обединетите Нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација. |
1986 | Победувајќи го актуелниот шампион Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил шампионската титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој постанал најмладиот шампион во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс. |
1991 | Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција. |
Родени:
1458 | Јаков Обрехт — холандиски композитор. |
1602 | Елизабета — сопруга на шпанскиот крал Филип IV. |
1616 | Џон Волис — англиски математичар. |
1819 | Мари ан Еванс — англиска писателка. |
1869 | Андре Жид — француски романописец, есеист и критичар. |
1877 | Ендре Ади — унгарски поет. |
1881 | Енвер-паша — турски воен командант. |
1890 | Шарл де Гол — претседател на Франција. |
1901 | Хозе Леандро Андраде — уругвајски фудбалер. |
1913 | Бенџамин Бритен — англиски композитор и пијанист. |
1940 | Тери Гилијам — американско-британски режисер. |
1943 | Били Џин Кинг — американска тенисерка. |
1948 | Радомир Антиќ — српски фудбалер и тренер. |
1950 | Тина Вејмаут — американска рок-музичарка, членка на групата „Токинг хедс“ (Talking Heads). |
1967 | Борис Бекер — германски тенисер. |
1967 | Марк Рафало — американски глумец. |
1969 | Катрин Крабе — германска атлетичарка. |
1984 | Скарлет Јохансон — американска глумица. |
1987 | Маруан Фелаини — белгиски фудбалер. |
1989 | Крис Смолинг — англиски фудбалер. |
Починале:
1286 | Ерик V — крал на Данска. |
1318 | Михаил II — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство. |
1617 | Ахмед I — отомански султан. |
1900 | Артур Саливен — познат британски композитор и диригент. |
1916 | Џек Лондон — американски писател. |
1963 | Џон Кенеди — претседател на САД. |
1971 | Кирил Николов — македонски новинар. |
1980 | Ме Вест — американска глумица. |
1981 | Милан Кашанин — српски и југословенски писател, ликовен критичар и историчар на уметноста. |
2000 | Емил Затопек — чехословачки атлетичар. |
2011 | Пол Моушијан — американски џез-музичар. |
2020 | Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец и режисер. |