Кирил Николов
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Кирил Николов (Софија, 11 април 1911 - Унгарија, 22 ноември 1971 ), македонски новинар, публицист и политички работник.
Роден е во македонско револуционерно семејство на бегалци од Крушево. Завршил гимназија и дипломирал на правниот факултет во Софија. Уште како ученик се вклучил во челните редови на организациите и акциите на напредната македонска емиграција во Бугарија. Бил член на Македонската студентска група на ВМРО (Обединета). Соработник на весникот „Македонски вести“ (1935-1936) и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Негова публицистичка преокупација е македонското национално прашање.
Творештво
[уреди | уреди извор]Автор е на книгата: