Генерален секретар на Обединетите Нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бан Ки-мун, актуелниот Генерален секретар на ООН

Генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации е раководител на Секретаријатот на ООН, еден од главните органи на ООН. Генералниот секретар едновремено е и гласноговорник и предводник на Обединетите нации.

Тековниот, осми по ред генерален секретар е Бан Ки-мун од Јужна Кореја, кој го започна својот мандат на 1.1.2007 до 31.12.2011.


Функција[уреди]

Функцијата на Генералниот секретар била зацртана уште при основањето на ООН во 1945. година како „светски преговарач“, но со Повелбата на ООН (член 97) неговата функција е определена како „главен администратор“. И покрај тоа, сите досегашни носители на оваа функција истапувале во името на светските интереси и имале значајна улога во глобалните прашања.

Резиденцијата на Генералниот секретар е петкатна зграда на Менхетен, во Њу Јорк.

Мандат и избор[уреди]

Генералниот секретар има мандат од 5 години, со можност за реизбор. Најголемиот број вршители на оваа функција биле избирани на по два мандати. Според Повелбата на ООН, Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ООН, а го номинира Советот за безбедност. Поради тоа, изборот на Генералниот секретар е подложен на вето, односно мора да биде со согласност на сите постојани членки на Советот за безбедност.

Во пракса, ниеден Генерален секретар не бил од земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност, и сите биле избирани како резултат на најширок можен компромис.


Досегашни Генерални секретари[уреди]

# Генерален секретар Мандат Државјанство Причина за повлекување Реф.
Гледвин Џеб 24.10.1945 –
1.2.1946
Велика Британија Обединето Кралство
(Европа)
Бил вршител на должноста до изборот на првиот Ген. секретар.
1 Trygve Lie.jpg
Тригве Ли
1.2.1946 –
10.11.1952
Норвешка Норвешка
(Европа)
Дал оставка поради притисокот од СССР. [1]
2 Dag Hammarskjold.jpg
Даг Хамаршелд
10.4.1953 –
18.9.1961
Шведска Шведска
(Европа)
Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго. [2]
3 U-Thant-10617.jpg
У Тант
30.11.1961 –
31.12.1971
Flag of Burma (1948-1974).svg Бурма
(Азија)
Не сакал да се кандидира за трет мандат. [3]
4
Курт Валдхајм
1.1.1972 –
31.12.1981
Австрија Австрија
(Европа)
Кина ставила вето на неговиот трет мандат. [4]
5 Javier Pérez de Cuéllar.JPG
Хавиер Перез де Куељар
1.1.1982 –
31.12.1991
Перу Перу
(Јужна Америка)
Не сакал да се кандидира за трет мандат. [5]
6 Boutros Boutros-Ghali in Davos.JPG
Бутрос Бутрос Гали
1.1.1992 –
31.12.1996
Египет Египет
(Африка)
САД ставиле вето на неговиот втор мандат. [6]
7 Kofi Annan.jpg
Кофи Анан
1.1.1997 –
31.12.2006
Гана Гана
(Африка)
Се повлекол по два мандати. [7]
8 Bankimoon07052007.jpg
Бан Ки-мун
(반기문;潘基文)
1.1.2007–
Јужна Кореја Јужна Кореја
(Азија)
На функција. [8]

Наводи[уреди]

  1. The United Nations: Trygve Haldvan Lie (Norway). Accessed 13 декември 2006.
  2. The United Nations: Dag Hammarskjöld (Sweden). Accessed 13 декември 2006.
  3. The United Nations: U Thant (Myanmar). Accessed 13 декември 2006.
  4. The United Nations: Kurt Waldheim (Austria). Accessed 13 декември 2006.
  5. The United Nations: Javier Pérez de Cuéllar (Peru). Accessed 13 декември 2006.
  6. The United Nations: Boutros Boutros-Ghali (Egypt). Accessed 13 декември 2006.
  7. The United Nations: The Biography of Kofi A. Annan. Accessed 13 декември 2006.
  8. Ban Ki-moon is sworn in as next Secretary-General of the United Nations