Графика
Графика (γραφω; пишувам, гребам) е една од ликовните дисциплини. Нејзините основни изразни сретства се : линијата, површина, густината на бојата. Главниот и основен принцип во графиката е балансот помеѓу црното и белото. Графиката може да биде и во боја, но сепак, акцентот не е во колоритот како во сликарството. Изразните мотиви и претстави во графиката се со истиот опсег и содржина како и во останатите ликовни техники.
Историја[уреди | уреди извор]
Почетоците на графиката датираат уште од Палеолит збележани во првобитните живеалишта - пештерите.
Вистински процут на графиката во Европа доживува во средниот век. Најзначајните графички уметнички дела сe откриваат во творештвото на: Албрехт Дирер, Питер Паул Рубенс, Рембрант Херменсон ван Рејн, а подоцна кај Франциско Хосе де Гоја, Оноре Домије, Анри де Тулуза - Лотрек, Винсент ван Гог, Пабло Пикасо. Денес, графиката е меѓу позначајните ликовни медиуми, која по постапката и начинот на реализацијата се развива во најразлични изразни и технолошки форми.
На Исток, особено во Кина и Јапонија графиката има многу подолга традиција. Првите печатени дела во Кина датираат од крајот на 2 век. Изработката на графиката во овие две земји е донесена до перфекција, особено со педантноста, студиозноста, прецизноста и сложената занаетчиска постапка која обединува и печатење на графики во боја.
Видови на графики[уреди | уреди извор]
Поделбата на графиките, зависи од начинот на нивното печатење како и техниката и технологијата за нејзиното реализирање. Во суштина постојат три методи за реализација на графичкото дело:
Техника на висок печат[уреди | уреди извор]
Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.
Техника на длабок печат[уреди | уреди извор]
Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
- Бакрорез[3]
- Мецотинта[4]
- Сува игла[5]
- Бакропис[6]
- Акватинта[7]
- Мека превлака[8]
- Резерваж[9]
- Колаграфија[10]
Техника на рамен печат[уреди | уреди извор]
Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.
Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]
- Матко Паиќ, „Пристап кон ликовното дело“, Загреб, 1968
- „Графики мал формат и останати техники“ - Клер Хено, 10 Порт Ројал[15].
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Графика“ на Ризницата ? |