Акватинта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Графика изработена во акватинта Жан Батист Ле Пренс, Крошна (1769)
Франциско Гоја, Од циклусот „Ужасите на војната“ (1810-1815)

Акватинта[1] - (француски: aquatinte, германски: aquatintaradierung, англиски: aquatint) — графичка техника на длабок печат, во која плочата - матрицата се обработува на хемиски начин.

Историја[уреди | уреди извор]

Творец на оваа графичка техника бил Жан-Батист Ле Пренс (17341781), кој што за прв пат ја презентирал оваа техника во 1769 година и која што веднаш после тоа станала мошне популарна, особено во Франција, каде што почнувале да изработуваат и повеќебојни графички листови со совршен квалитет.

Еден од најистакнатите автори кој што работел во оваа техника бил Франсиско Гоја (17461828), особено во неговите циклуси „Ужасите на војната“ и „Капричиоси“.

Други попознати автори кои ја применуваат акватинтата во соето творештво биле Камиј Писаро (18301903), Жорж Руо (18711958) или Џони Фридландер (19121992)[2].

Процес[уреди | уреди извор]

Кај акватинтата, добро исполираната метална плоча се напрашува со добро сомелен прав од колофониум или асфалт, потоа, плочата бавно се загрева, со што фината прашина се растопува овозможувајќи ситни точки како пори да ја отвораат матрицата. Следниот процес е нагризување во киселина, плочата се става во сад со киселина и на одреден временски интервал се врши фино нагризување кое подоцна е одлична површина, добро обработена за печатење врз графичкиот лист. Со помош на оваа техника се создаваат графички дела кои се богати со тонски градации кои се движат од најсветли до најтемни[3].

Стилски и изразно таа е слична на техниката на лавирање.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „акватинта“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Aquatint
  3. Aquatint-process

Литература[уреди | уреди извор]

  1. Џевад Хозо, Уметноста на мултиоргиналот, Прва књижевна комуна Мостар, 1988.
  2. AQUATINT: PRINTING IN SHADES, 2015, Daniela Boi andVeronica Czeisler,Gallery Assistant: Costanza Sciascia AQUATINT.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Техника акватинта

Акватинта