Литографија
Литографија — графичка техника на рамен печат подготвена на камени плочи.
Самиот термин е кованица од зборовите на грчки јазик, lithos што означува „камен“ и graphein што означува „пишување“.[1]
Литографијата се разликува од останатите графички техники затоа што се реализира со хемиски реакции, а не преку физичката раздвоеност на набоените и ненабоените делови на матрицата. Оваа техника е популарна заради нејзините можности да ги регистрира: свежината на потезите со четка или креон и да ја зачува директноста на работата на уметникот.
Историја[уреди | уреди извор]
Пронаоѓањето на оваа, најмлада, графичка техника му се припишува на Германецот Алојз Зенефелдер (1771-1834) во 1796 година. Во почетокот, Зенефелдер ја нарекувал „хемиско“ печатење.
Во Франција, литографијата наишла на позитивен одѕив кај уметниците како што се Ежен Делакроа и Теодор Жерико.
Со Франсиско Гоја и Оноре Домје, техниката дефинитивно станала еден од поценетите уметнички медиуми. До 1820 godina, само во Париз биле отворени околу 280 литографски ателјеа.[2][3]
Метод[уреди | уреди извор]
Таа е графичка техника на рамен печат, која како подлога користи литографски камен со рамна површина.
На исполираната, мазна и обработена површина на каменот (бимштајн - посебен варовнички камен), се нанесува цртеж со мрсна литографска креда, литографски туш или некои други мрсни средства (маслен пастел, моливи за цртање на стакло, сапун...). Површината на каменот за литографија е порозна, а зрнестата структура лесно ја прима литографската креда, тушот или некои од наведените средства.
По хемиската обработка на површината од каменот со раствор од азотна и фосфорна киселина, цртежот на каменот изведен со мрсни бои ја прима печатарската боја додека незаштитената површина од мрсните бои е под дејство на киселината со што се одбива бојата. Кога се нанесува бојата, каменот постојано треба да биде навлажнуван со вода.
На набоениот дел од каменот се става хартија, а потоа се започнува со печатење со помош на посебна литографска преса низ која каменот се движи хоризонтално и низ константен вертикален притисок.[4]
Литографијата била основа од која подоцна ќе се развие индустриската техника на офсет печатење која што денес е една од најзначајните и најупотребувани печатарски техники.
Галерија[уреди | уреди извор]
Еј! кучето..... ли.... ли.... ли..... Тоа е крв... ди... ди... ди..., литографија на Луј - Филип, Франција од Оноре Домије, 1834 година
Пеперутки од „Макролепидопетера на светот“, од Адалберт Шиц (1923).
Литографија од 1836 година, со мексикански жени кои прават тортили од Карл Небел.
Кралските авганистански војници на Дурани империја во Авганистан, (1847)
Алфред Конканен од 1867 година за Шампањ Чарли
На вечната порта, литографија од 1882 година од Винсент ван Гог.
Морски анемони од Ернст Хаекел (Уметнички форми на природата), 1904 година.
Во паркот, светлина - Џорџ Белоус, 1916 година
Палатата на Сао Кристивјо, поранешна резиденција на императорите на Бразил, литографија од XIX век од Жан-Батист Дебре
Хенри Ротштајн во Центарот за уметност во заедницата Харлем (1936)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ definition
- ↑ „LA LITHOGRAPHIE : un procédé d'impression à plat“. Архивирано од изворникот на 2019-01-27. Посетено на 2019-09-30.
- ↑ Lithographie
- ↑ „TECHNIQUE DE L'ESTAMPE“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2015-03-19. Посетено на 2019-09-30.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Литографија“ на Ризницата ? |