Резерваж

Од Википедија — слободната енциклопедија

Резерваж (на француски јазик - reservage, Латински - reservare ). Графичка техника на длабок печат, добиена по хемиски пат, се употребува како доусовршување и прецизирање на акватинта.

Историја[уреди | уреди извор]

Резерважот се појавил за првпат во Франција во втората половина на XIX век.

Оттогаш, оваа техника постојано е усовршувана . Започнуваат да се применуваат и нови технолошки средства како на пример лак од пластика, алати, четки, пердуви со што авторскиот цртеж е зачуван до максимална мерка[1].

Метод[уреди | уреди извор]

Површината на металната плоча, врз чии делови треба да се изврши хемиско нагризување, се изолираат со лак (резервиж) а претходно на полираната површина со специјално или обично мастило се нанесува цртежот со пердув или четка. Лакот отпаѓа на местото каде што е нанесен цртежот со што киселината ги нагризува само деловите на кои е поставен цртежот. По нанесувањето на лакот, со топла вода се отстрануваат растворливите делови, при што лакот останува само на оние места кои во почеткот на работата не беа изолирани.

Резерважот е една од позначајните графички техники - таа се појавува како резултат за подобрување на методот на гравирање во акватинта.

Одлика за оваа техника е: слободни потези, широки движења на четката, чисти, јасни и исполнети линии, површините се слични на површини исполнети со четка, со експресивна текстура[2].

Наводи[уреди | уреди извор]