Мека превлака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мека превлака или мек лак - ( на француски јазик - vernis mou), графичка техника во длабок печат.

Историја[уреди | уреди извор]

За прв пат била применета во Фрнција кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век.

Кон крајот на XIX век, оваа техника ќе го доживее својот процут, бидејќи со својата изразност била блиска до принципите на импреионизмот.

Во оваа техника работеле: Пјер Огист Реноар, Едгар Дега, Шарл-Франсоа Добињи, Мери Стивенсон Касат, Томас Гејнсборо, Кете Колвиц и други.

Меката превлака, во изразот е слична на цртежи изработен со молив или јаглен и се карактеризира со мека, живописна, зрнеста структура[1].

Метод[уреди | уреди извор]

Прво, металната плоча се премачкува со масна подлога, најчесто восок. Врз плочата потоа се става зрнеста хартија а цртежот се нанесува врз неа со притисок од поостар молив.

Поради притисокот на моливот, честичките од плочата се лепат на хартијата. По ова, плочата се нагризува со азотна киселина или раствор на железен хлорид. Киселината делува врз плочата само на местатата на кои хартијата го впила лакот - восокот, од притисокот со моливот. По завршувањето на процесот на нагризување, лакот се мие и се отстранува со топла вода, на плочата се се нанесува печатарска боја која останува на местата каде што првобитно моливот ја одмастил површината и се печати на преса за длабок печат[2],[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Фелисиен Ропс: Врелина, vernis mou - мека превлака
Шарл-Франсоа Добињи, Сатир, vernis mou - мека превлака

Литература[уреди | уреди извор]

  • Алеш Крејча - „Техника на графички умеења“, - „Артиа“, Прага 1981
  • Јиндрих Марко - „ За графиката: и постапките при нејзиното создавање“, - „Млад фронт“ Прага, 1981
  • Волкер Стеинбахер: Атеље, гравирање, печатење, боење - Висбаден 2006, ISBN 3-8241-1337-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]