23 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Ноември 2024 23 ноември — 327-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (328-и во престапна година). Остануваат 38 денови до крајот на годината.

Настани:

1831  Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944  По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971  Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995  Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003  Грузискиот претседател Едуард Шеварнаѕе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама

Родени:

1760  Франсоа Бабеф — француски револуционер.
1860  Јалмар Брантинг — шведски социјалдемократ и премиер.
1876  Мануел де Фаља — шпански композитор.
1877  Никола Карев — истакнат македонски социјалист и револуционер.
1887  Борис Карлоф — англиски глумец.
1888  Харпо Маркс — американски глумец.
1890  Ел Лисицки — руски сликар и архитект.
1899  Мануел дос Реис Машадо — мајстор по афробразилската боречка вештина.
1933  Кшиштоф Пендерецки — полски композитор.
1937  Радован Павловски — македонски поет и академик.
1941  Франко Неро — италијански глумец.
1943  Петар Сканси — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1979  Ивица Костелиќ — хрватски скијач.
1982  Асафа Пауел — јамајски атлетичар.
1988  Ендру Талански — американски велосипедист.
1988  Јенс Кекелејре — белгиски велосипедист.
1991  Вилијан Жозе — бразилски фудбалер.
1992  Мајли Сајрус — американска пејачка и глумица.
1996  Џејмс Медисон — англиски фудбалер.
2001  Бојан Димоски — македонски фудбалер.

Починале:

1922  Едуард Зелер — германски антролопог, етноисторичар и јазичар.
1966  Григор Витез — хрватски писател и преведувач.
1976  Андре Малро — француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста.
1991  Клаус Кински — германски глумец.
2015  Синтија Робинсон — американска соул и фанк-музичарка, членка на групата „Слај енд д фемили Стоун (Sly and the Family Stone)“.