Ел Лисицки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ел Лисицки
Ел Лисицки во 1914
Роден(а) ноември 23, 1890(1890-11-23)
Починок, Русија
Починал(а) декември 30, 1941(1941-12-30) (воз. 51 г.)
Москва, СССР
Занимање уметник


Ел Лисицки (руски: Эль Лисицкий), роден како Лазар Маркович Лисицки (Лазарь Маркович Лисицкий; Починок, 23. Ноември 1890Москва, 30. Декември 1941) бил руски и советски сликар, архитект, графички уметник, типограф и фотограф. Спаѓал во еден од најважните фигури на руската авангарда во почетокот на 20 век и, заедно со неговиот учител Казимир Малевич тој го основал уметничкиот правец на суперматизам како што самиот  Малевич го нарекувал конструктивизмот.

Биографија[уреди | уреди извор]

По неговото детство и младост во Смоленкс сакал да оди на Академија во Санкт Петербург, но тој не бил прифатен и заминал на обука во техничкото училиште во Дармштат. Таму тој  ги завршил студиите и на почетокот на Првата светска војна се вратил во Русија. До 1917 година предавал заедно со Казимир Малевич во уметничката школа во Витебск , каде Директорот бил Марк Шагал. Подоцна (во 1921 година) предавал во Московската Академија. Во периодот 1922 година1928 година се вратил во Германија и предавал на Баухаус. Во 1928 година. тој живеел во Москва каде работел како инженер за дизајн. На меѓународни изложби на Русија, тој предлагал украси за нивните павиљони.

Работа[уреди | уреди извор]

Архитектонското дело на Ел Лисички најмногу се одразило на утописките проекти кои требало радикално да го сменат изгледот на Москва. Се претпоставува дека овие облакодери се издигнуваат над земјата со минимален услов за потпорна површина и е познат како „небесен холдинг“. Овие челични конструкции не биле во можност да се спроведеат. Покрај тоа што се рефлектирал во архитектурата, Ел Лисички се посветил на сликарството, рекламната графика, книжевната уметност и изложбата.

Наводи[уреди | уреди извор]

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]