Мајли Сајрус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајли Сајрус
Miley Cyrus
Мајли Сајрус 2017
Биографски податоци
Родено имеДестини Хоуп Сајрус
Познат(а) и какоДестини Сајрус
Роден(а)23 ноември 1992 (1992-11-23) (26 г.)
Нешвил, Тенеси, САД
Жанровипоп[1]
Занимањапејачка, актерка, авторка, композиторка, музичарка
Инструментивокал, гитара, пијано
Период на активност2003–до денес
ИздавачиHollywood Records
Fascination Records (UK)
СоработнициБили Реј Сајрус, Jonas Brothers, Селена Гомес, Деми Ловато, Тимбаленд
Мреж. местоwww.MileyCyrus.com

Мајли Сајрус (англиски: Miley Cyrus; р. на 23 ноември 1992) е американска поп-рок ѕвезда, глумица и композитор на песни. Таа е родена во Нешвил, Тенеси. Нејзиното родено име е Дестини Хоуп Сајрус (Destiny Hope Cyrus), но бидејки како мала постојано била насмеана, нејзиниот татко Били Реј Сајрус (Billy Ray Cyrus) постојано ја викал smiley, а како рима на тоа е Мајли, по некое време таа официално си го смени името во Мајли Реј Сајрус.Таа е позната како Мајли Стјуварт во серијата Хана Монтана на каналот Дизни во која Мајли пее песни и дознава за нејзиниот талент пеење.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Мајли Сајрус е родена во Нешвил. Таа е ќерка на Летиција „Тиш“ Сајрус и кантри пеачот Били Реј Сајрус. Таа има две сестри и тројца браќа.Нејзинот постар полубрат и постара полусестра се од претходната врска на нејзината мајка Тиш Сајрус. Постариот брат Трејси е пеач во поп-групата Метро Стејшан (Metro Station). Постарата сестра Бранди Сајрус, и прави друштво на Мајли во скоро сите нејзини концерти како свирач на гитара.Таа има и помлад брат Брејсон(Braison) и помала сестра Ноах(Noah).Исто така има уште еден полу-брат од претходната врска на татко кој се вика Коди(Christopher Cody).

Кариера[уреди | уреди извор]

Мајли има своја ТВ серија "Хана Монтана" која за првпат се прикаживала на каналот "Дизни". Сега Хана Монтана е позната ширум светот и некои луѓе наместо Мајли Сајрус ја познаваат како Хана Монтана.Серијата Хана Монтана има 3 сезони и се снима 4.Исто така Мајли е позната пеачка која има 4 албуми:Meet Miley Cyrus(2007,Breakout(2008),The time of our lives(2009) и I Can't Be Tamed (2010).Таа исто така има и снимено филм "Хана Монтана".Има уште еден филм снимено "The last song".Таа го има позајмено и гласот во цртанот "Bolt".Taa исто така има песна наречена "Send it on" која ја пее со Селена Гомез,Деми Ловато и Џонас Брадерс.Со таа песна тие помогнаа во еден проект за чување на природата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Deming, Mark. "allmusic ((( Miley Cyrus > Overview )))". Allmusic. Macrovision Corporation. конс. 21 октомври, 2009.