Селена Гомес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селена Гомес
Гомес во октомври, 2009G
Биографски податоци
Родено име Селена Мари Гомес
Роден(а) јули 22 1992 (1992-07-22) (воз. 25 г.)
Гранд Прери, Тексас, САД
Жанрови Поп рок, Р&Б, денс-поп, електропоп
Занимања Актерка, пејачка-текстописец, музичар, моден дизајнер
Инструменти Вокали, пијано
Период на активност 2002–сега
Издавачи Hollywood Records
Соработници Selena Gomez & the Scene Forever the Sickest Kids
Мреж. место selenagomez.com

Селена Марие Гомес (22 јули 1992 година) е американска актерка, и пејачка, најдобро позната по Алекс Русо добитничката на Еми награда за учеството во телевизиската серија “Волшебници од волшебното место“. Подоцна учествувала во главните улоги во телевизиски филмови: “Уште една приказна за Пепелашка“, “Волшебници од волшебното место - Филмот“, и “Програма за заштита на принцезите“. Таа ја направи нејзината театарска деби улога во филмот “Рамона и Безус“.

Нејзината кариера се проширила во музичката индустрија, Селена е водечки вокал и основач на поп бендот Selena Gomez & the Scene, со која има издадено два студио албуми, “Kiss & Tell“ и “A Year Without Rain“, кои имаат добиено сертифицирано злато од РИАА. До април 2011 г., бендот продал 1,354,000 албуми во Соединетите Држави. Сел истотака придонела за соундтракот во “Ѕвончица“, “Уште една приказна за Пепелашка“, и “Волшебници од волшебното место “ по потпишувањето договор со Холивуд Рекордс. Во 2008 г., Селена била прогласена за амбасадор на добрата волја во УНИЦЕФ.

Гомес е родена во Големата Прерија , во Тексас. Таа е ќерка на поранешна сценска актерка Манди Тифи (моминско презиме Корнет) и на Рикардо Џоел Гомес. Нејзиниот татко е Мексикански Американец а нејзината мајка е со половина италијанско потекло. Во однос на нејзиното шпанско наследство, Гомес изјавува: “Моето семејство има Quinceañeras, и ние одиме на причестување во црква. Правиме се што е католичко, но навистина немаме нешто традиционално, освен што одиме на скара во паркот во недела после црквата.“ Нејзините родени родители се развеле кога таа била пет години, и таа била израсната како единствено дете од нејзината мајка. Во 2006 година мајка и се премажила за Брајан Тифи. Таа е името го добила по пејачката Селена. Во интервју во 2009 година за People магазинот, изјавила дека нејзиниот интерес за актерство се развил како резултат на тоа што ја гледала нејзината мајка како се подготвува и глуми во театерски претстави. Таа се здобила со висока школска диплома преку домашна обука во мај 2010 година. Гомез почнала да носи прстен за невиност кога била 12 години, и го тргнала во 2010 година. Селена Гомез е истотака сопственик на пет кучиња која ги спасила и се опишува себеси како голем љубител на животни.

Актерска кариера[уреди | уреди извор]

2002-2006 : Барни & Пријателите и рана работа[уреди | уреди извор]

Гомес ја започна нејзината актерска кариера кога била седум години играјќи ја Џана во серијата “Барни & Пријателите“. Подоцна имала помали улоги во “Деца шпиони 3 –Д: крај на играта“ и ТВ филмот “Шетач, Тексаски ренџер: суд на оган“. Гомез истотака учевствувала во главната улога во филмот “Елиминирање на мозокот“.

Во 2004 година, Гомез била откриена од Дизни каналот во национално извидување. Гомез се појави како гостинка на “Лудориите на Зак & Коди“ и имала гостински настап кој подоцна се претворил во периодична улога заменувајќи ја Хана Монтана во втората и тртата сезона. Гомес претходно снимила две различни пилот емисии кои биле нус производ на двете претходни Дизни серии. Првата “Што мисли Стиви“ беше нус продукт на Лизи Мекваер. Гомез ја играла Стиви Санчес, помалата сестра на Миранда Санчез. Другото шоу беше насловено “Арвин“, нус производ на “Лудориите на Зак & Коди“, каде што ја игра Алекса. Ниедна од сериите не беше продолжена.

2007-2009 Волшебници од волшебното место и патот до славата[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2007 година Гомес учествување во серијата “Волшебници од волшебното место“ како една од трите главни ликови, Алекс Русо. Шоуто премиерно се изведе пред публика од 5,9 милиони, со што стана хит. Многу медиуми почна да ја синхронизираат Гомез како следна Мајли Сајрус, предизвикувајќи некои котраверзии и караници. Гомес објасни дека немало никакви караници и дека таа е одушевена од споредбата, велејќи: “Малку е неизмерно, но навистина мислам дека тоае комплимент . Таа е очигледно многу успешна и мислам дека е прекрасен изведувач. Па да бидеш споредуван со неа, тоа е вистинско задоволство.“

Во 2008 година Гомес се појави во “Уште една приказна за Пепелашка“, директно на ДВД продолжение на филмот на Хилари Даф во 2004 година, во кој глумеше наспроти Дру Сили. Таа исто така имаше мала нарациска улога како една од од деведесет и шесте ќерки на Градоначалникот во “Кој слуша Хортон?“ кој беше издаден во март истата година. Во април Лејси Роус од Форбес ја рангира Гомез на петото место на нивната листа на Осум најјаки детски ѕвезди, и ја опиша како повеќе талентирана тинејџерка.

Во јуни 2009 година Гомес направи гостинско појавување во една од епизодите- “Сони со шанса“, на нејзината најдобра пријателка Деми Ловато. Истата година Гомес се појави заедно со Ловато во телевизискиот филм “Програма за заштита на принцезите“ кој е во продукција на Дизни каналот . Телевизиското емитување собра 8,5 милиони гледачи со што во тоа време стана третиот најгледан оригинален филм на Дизни каналот. Еден месец подоцна, Гомез заедно со два члена од филмот “Волшебниците од волшебното место“ се појавија на една телевизиска епизода со Хана Монтана и Лудориите на палубата, насловена “Волшебници на палубата со Хана Монтана“. На 28 август два месеца по појавувањето во филмот “Програма за заштита на принцезите“, Гомез се појави во “Волшебници од волшевното место-филмот“, телевизиски филм базиран на шоуто. Филмот премиерно се појави пред публика од 11.4 милиони гледачи со што стана број 1 филм емитуван во 2009 година и втор најгледан филм на Дизни каналот по “Средношколски мјузикал 2“. Во фебруари 2009 година, Гомес потпиша договор со кој ќе учествува во една од двете водечки женски улоги во Рамона и Бизус, филм адаптација на необичните детски роман серии од Беверли Клири. Гомес изјавила дека не е под притисок да учествува во улоги за повозрасни: “ Мислам дека сум целосно свесна за мојата публика и самата јас сум сеуште дете. Не би учествувала во улога во која нема да се чувствувам пријатно, или пак во која мојата публика ќе се чувствува непријатно гледајќи.

Од 2010 до денес: фокусирана на филм[уреди | уреди извор]

Првиот театриски филм на Гомес “Рамона & Безус“ премиерно бил издаден на 23 Јули 2010 година, и добил главно позитивни критики. Во март 2010 година списанието Variety објавило дека Гомес била избрана да учествува во една од трите главни улоги во филмот Монте Карло, заедно со Лејтон Мистер и Кети Касиди. Во филмот Гомес ја игра Грејс , девојка која е помешана со човек од џет-сетот на едно патување за Париз. За да се подготви за улогата Гомес научила да игра поло, и исто така две недели одела на вокална подготовка за да научи два различни Британски акценти. Истата година Гомес потврди дека четвртата сезона од нејзининото хит шоу “Волшебници од волшевното место“, ќе биде последна.

Во фебруари 2011 година, Deadline.com изјавија дека Универзалните Слики и Strike Entertainment се здобиле со новелата “Тринаесет причини зошто“ од Џеј Ашер со Гомез приврзана во главната улога. Истиот месец TV Guide објавија дека Гомез ќе направи кратко појавување во претстојниот Мапетс филм. Гомез е поставена за ко-домаќин на MuchMusic Видео Наградите на 19 јуни 2011 година.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

2009: соло кариера[уреди | уреди извор]

Во 2008 година Гомес ја сними насловната страна на албумот "Круела Д'Вил" - кој вклучува музичко видео за компилацискиот албум Дизниманиа 6. Гомес сними три песни за филмот “Уште една приказна за Пепелашка“, во којсе појавува и самата. Гомес исто така ја сними песната "Fly to Your Heart" за анимираниот филм “Ѕвончица“ во 2008 година. Во јули 2008 година, пред нејзиниот 16 ти роденден, таа потпиша музички договор со Холивуд Рекордс, музичка издавачка куќа во сопственост на Дизни. Во 2009 година ја сними песната "One and the Same" за филмот “Програма за заштита на принцезата“ дует со Ловато, двете се појавија во филмот. Гомес снимила четири песни, од кои една била соундтрак во филмот “Волшебниците од Веверли“ , а само еден сингл (Magic) од албумот бил издаден. Во мај истата година Гомес ја извела песната “Forever the Sickest Kids“, на дует верзија на песната „Whoa Oh!“ која не се наоѓа на албумот.

2009-до сега: Selena Gomez & the Scene[уреди | уреди извор]

Формиран во 2009 година Selena Gomez & the Scene е тинејџерски поп бенд кои го сочинуваат Селена Гомес-пејачка, Етан Робертс свири на гитара, Џои Клемент на бас, Грег Гарман на тапани, и Ден Форест на синтисајзер. “Kiss & Tell“ е деби студискиот албум на бендот и беше издаден на 29 септември 2009 година од Холивуд Рекордс. На 5 март 2010 година албумот добил златна сертификација од РИАА, а синглот "Naturally" добил сертифицирана платина од РИАА на 15 јули 2010 година. Вториот албум на бендот “A Year Without Rain“ беше издаден на 17 септември 2010 година. Овој албум дебитираше на 4 место на Билборд 200 топ листата со продадени 66 000 копии. На 19 јануари 2011 година албумот добил сертифицирано злато од РИАА. Третиот албум на на бендот “Кога сонцето заоѓа“ , претходно насловен “Другата страна“ треба да излезе на 28 јуни 2011година. Гомес преку нејзиниот официјален твитер изјави дека нивниот водечки сингл ќе биде насловен "Кој вели". Синглот претходно бил закажан во живо на премиерата на “Во воздух“ со Рајан Сикрест на 10 март, но бил објавен два дена порано на 8 март. Придружниот видео запис, кој бил режиран од Крис Еплбаум, имаше премиера на 11 март на Дизни Каналот. Синглот ќе добие сертифицирано злато од РИАА на 9 јуни 2011 година.

Други проекти[уреди | уреди извор]

Човекољубие/ Филантропија[уреди | уреди извор]

Гомес била вклучена во кампањата за броење на гласови која ги поттикнува тинејџерите да научат повеќе за претседателските кандидати Барак Обама и Џон МекКејн во 2008 година. Во октомври 2008 година Гомес учествувала во програмата насловена Патека кон Живот во детската болница Св. Јуда. Гомес е портпарол на млекото Borden, таа учествувала во целата печатена кампања и во телевизискитте реклами. Таа е амбасадор на DoSomething.org откако била вклучена во добротворни цели за Островското Куче, кои им помага на кучињата во Порторико. Таа се вклучи во оваа програма за време на снимањето на филмот “Волшебниците од волшевното место“ во Порторико. Гомес е портпарол на државното осигурување за домаќинството, и вклучена е во нивните телевизиски реклами, што се вртат на Дизни каналот, со цел да се подигне свеста и да се биде безбеден возач. Гомес истотака е вклучена во хуманитарна акција во Конго насловена Надеж за Конго, и добротворната организација помага за подигање на свеста за насилството врз жените во Конго.

Во октомври 2008 година, Гомес беше именувана за порпарол на УНИЦЕФ за кампањата Почести или излажи, која ги охрабруваше децата да соберат пари на Ноќта на Вештерките за да им помогнат на децата низ светот. Таа изјави дека била екстремно возбудена што имала можност да охрабри други деца за да направат разлика во светот. Во август 2009 година, седумнаесетгодишната Гомес станала најмладиот амбасадор на УНИЦЕФ некогаш, поминувајќи ја нејзината колешка Хајли Вестенра која имала 18 години. Во нејзината прва официјална теренска мисија, Гомез отпатувала за Гана на 4 септември 2009 година на една недела да сведочи од прва рака за лошите услови на ранливите деца на кои им недостасуваат виталните потреби: чиста вода, храна, образование, и здравствена грижа. Гомез објаснила за време на интервју со Associated Press дека таа сака да ја искористи нејзината моќ како ѕвезда и да ја подигне свеста во Гана. Затоа се чувствувам толку почестена што имам глас кој што децата го слушаат и го земаат во предвид. Имаше луѓе на мојата турнеја кои ме прашуваа каде е Гана, и ја бараа на Googlе, и бидејќи јас бев таму сега тие знаат каде е Гана. Па навистина е доста неверојатно. Гомес во улога на амбасадор изјави дека секој ден умираат 25 000 деца од причини кои можат да се спречат. Јас заедно со УНИЦЕФ верувам дека можеме да го смениме тој број од 25 000 на нула. Знам дека можеме да го постигнеме тоа бидејќи во секој момент УНИЦЕФ е на теренот обезбедувајќи им на децата помош за спасување на животот со цел таа цифра нула да стане реалност.

Гомес по втор пат била именувана за портпарол на УНИЦЕФ во 2009 година за кампањата Почести или излажи. Гомес која собра повеќе од $700 000 за добротворната организација во 2008 година изјави дека се надева дека ќе собере еден милион долари во 2009 година. Гомез учествувала во аукција на славните и била домаќинка на серии во живо на Facebook во подршка на Почести или излажи кампањата за УНИЦЕФ. Гомез ќе се врати како портпарол на УНИЦЕФ за 60-годишнината на Почести или излажи кампањата во 2010 година.

Гомес е вклучена во организацијата Пријателите на Дизни се сменија која промовира пријателско однесување кон животната средина, и се појавува во нивните јавни соопштенија за да ја подигне свеста за причината на Дизни Каналот. Гомес, Деми Ловато, Мајли Сајрус, и Браќата Џонас ја снимија песната "Прати го сега", добротворна песна која служеше како тема за Дизни пријатели за промена во 2009 година. Песната дебитираше на 20 место на HOT 100 топ листата. Дизни пријатели за промена ќе ги насочат сите свои придонеси од песната "Прати го сега" на добротворната акција за животната средина на Дизни Фондацијата за Заштита низ целиот свет. На 6 октомври 2009 година Гомес изненадно го посети основното училиште во Лос Анџелес како дел од програмата "Ден направен подобро" спонзорирана од OfficeMax. За време на посетата Гомез му даде на училиштето награда, и истотака им даде чек со вредност од $1000 за училиштен прибор. Гомес го помина денот со учениците, и разговараше со нив за тоа колку е важно како и поставуваме во заедницата.

Претприемништво и спонзорства[уреди | уреди извор]

Гомес беше дел од школската модна рекламна кампања на “Сеарс“. Како дел од кампањата Гомез учествуваше во телевизиските реклами. Во август 2009 година истотака беше домаќинка на "Сеарс бира бенд" каде требаше да се изберат пет лица за формирање на бенд "Сеарс бенд во зоздух", кој настапи на доделувањето на МТВ видео музичките награди во 2009 година.

Во октомври 2008 година Гомес лансирала своја сопствена продукциска компанија наречена Јули месечна продукција, која соработувала со XYZ Films за да создаде сретства за Гомез. Како дел од договорот Гомез ќе има можност да избира статии, да изнајмува писатели, и да создаде талент пакети кои ќе ги издава во студиата. Истотака како дел од договорот XYZ Films ќе и дозволи на Гомес да учествува во главната улога во најмалку два филма. Магазинот Variety објави дека “Во август XYZ Films потпишаа сличен договор со Time Inc и со менаџмент продукциската компанија Collective за да го финансираат развој на огромна содржина за големите екрани во печатените медиуми. Како дел од договорот помеѓу July Moon-XYZ, Гомез ќе има можност да избере проекти од безграничната библиотека на Time Inc. која вклучува теми како Време, Спортски илустрации, Богатство и Живот.

Во октомври 2009 година Гомез го објави нејзиниот план да лансира нејзина сопствена модна линија наречена "Сон од мода од Селена Гомес". Модната линија беше лансирана во есента во 2010 година. Колекцијата се состои од карактеристични боемиски фустани, цветни блузи, фармерки, здолништа, јакни, шалови и капи, сите направени од рециклирачки или еколошки материјали. Гомес изјави дека модната линија ќе го рефлектира нејзиниот личен стил и ја опишува облеката како убава, женствена и боемска. “Со мојата линија јас сакам да им дадам на клиентите опција да го спојат својот сопствен изглед. Сакам парчиња кои лесно се облекуваат нагоре надолу, и многу е важно тоа што текстилот е еколошки и органски разградлив. Истотака, на сите етикетите ќе има некои од моите инспиративни цитати. Јас пробувам да испратам добра порака.“ Гомес која нема искуство во мода се здружи со дизајнерите Тони Мелило и Сандра Кампос, кои имаат работено со познати модни куќи. Гомес за партнерството изјавува: “Кога ги запознав Тони и Сандра, се чувствував удобно со нив и сега тие ми се како семејство. Тие се толку креативни и ми се допаѓа тоа што можам да ги повикав во било кое време, и да разговарам со нив за се, дури и ако се работи само за менување на копчето. Тие се толку кул во врска со се.“ Брендот ќе биде произведен од Мелило и Кампос здружени со Adjmi Apparel со седиште во Њу Јорк и формиран од Adjmi CH Brands LLC која е холдинг компанија за брендот.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Забелешки
2003 Деца Шпиони 3-D: Крај на играта Девојка во воден парк Мала улога
2005 Оди Тексас Џули Телевизиски филм
2006 Мозокот Запед Емили Грејс Гарсија TТелевизиски филм
2008 Друга Приказна за Пепелашка Мери Сантијаго Главна улога
2008 Horton Hears a Who! Хелга (Глас)
2009 Програмата за Заштита на Принцезата Картер Мејсон Главна улога
2009 Волшебниците на волшевното место: Филмот Алекс Русо Главна улога
2009 Артур Принцезата Селенија (Глас)
(Ја заменила Мадона)
2010 Рамона и Бизус[1] Беатрис „Бизус“ Куимби Main role
2011 Монте Карло[2] Грејс Бенет Главна улога
2011 Тринаесет причини зашто[2][3][4] Хана Бејкер[5] Главна улога
2011 The Muppets Самата Камео Појава

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Забелешки
2002–2003 Barney & Friends Gianna Recurring role
2006 The Suite Life of Zack & Cody Gwen "A Midsummer's Nightmare" (Season 2, episode 22)
2007–2008 Хана Монтана Mikayla "I Want You to Want Me... to Go to Florida" (Season 2, episode 13)
"That's What Friends Are For?" (Season 2, episode 18)
"(We're So Sorry) Uncle Earl" (Season 2, episode 22) (uncredited)
2007–present Wizards of Waverly Place Alex Russo Lead role
2009 The Suite Life on Deck Alex Russo "Double-Crossed" (Season 1, episode 21)
2009 Sonny With a Chance Herself "Battle of the Networks' Stars" (Season 1, episode 13)

Музички видеа[уреди | уреди извор]

Година Наслов Артист Забелешки
2008 "Burnin' Up" Jonas Brothers Played Nick Jonas' love interest
2011 "The Dance Routine" The Midnight Beast Камео

Дискографија[уреди | уреди извор]

Поврзано: Дискографија на Selena Gomez & the Scene

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Песна Позиција Албум
САД КАН
2008 "Tell Me Something I Don't Know" 58 Another Cinderella Story
2009 "Magic" (Originally by Pilot) 61 86 Wizards of Waverly Place
As a featured artist
2009 "Whoa Oh!" (with Forever The Sickest Kids) Non-album single
2009 "One and the Same" (with Demi Lovato) 82 Disney Channel Playlist
2009 "Send It On" (with Demi Lovato, Jonas Brothers, and Miley Cyrus) 20 Non-album song

Други песни[уреди | уреди извор]

Година Песна Албум
2006 "Brain Zapped" Brain Zapped
2008 "Cruella de Vil" Disneymania 6
2008 "Tell Me Something I Don't Know" Another Cinderella Story
2008 "New Classic" (featuring Drew Seeley) Another Cinderella Story
2008 "Bang a Drum" Another Cinderella Story
2008 "New Classic" (Live) (featuring Drew Seeley) Another Cinderella Story
2008 "Fly to Your Heart" Tinker Bell
2009 "One and the Same" (with Demi Lovato) Disney Channel Playlist
2009 "Everything Is Not What It Seems" Wizards of Waverly Place
2009 "Disappear" Wizards of Waverly Place
2009 "Magical" Wizards of Waverly Place
2009 "Magic" Wizards of Waverly Place
2010 "Trust in Me" (From Disney's The Jungle Book) Disneymania 7

we love selena

Музички Видеа[уреди | уреди извор]

Година Наслов
2008 Cruella de Vil
2008 Tell Me Something I Don't Know
2008 Fly to Your Heart
2009 One and the Same
2009 Magic
2009 Send It On
2009 Falling Down
2009 Naturally
2010 Round & Round
2010 A Year Without Rain
2011 Who Says

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Година Награда Категорија Работа Резултат
2008 Alma Award[6] Outstanding Female Performance in a Comedy Television Series Wizards of Waverly Place Номинирана
Imagen Awards[7] Best Actress – Television
2009 NAACP Image Awards[8] Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special
Nickelodeon Kids' Choice Awards[9] Favorite TV Actress Победничка
Young Artist Award[10] Best Performance in a TV Movie, Miniseries, or Special – Leading Young Actress Another Cinderella Story
Best Performance in a TV Series – Leading Young Actress Wizards of Waverly Place Номинирана
Best Performance in a Voice-over Role Horton Hears a Who!
Teen Choice Awards[11] "Choice Summer- Celebrity Dancer" Another Cinderella Story Победничка
"Choice Summer – TV Star-Female" Princess Protection Program
"Choice Other Stuff – Red Carpet Icon: Female" Herself
Imagen Awards[12] Best Actress – Television Wizards of Waverly Place Номинирана
Alma Award[13] Special Achievement Comedy – Television – Actress Победничка
Nickelodeon Australian Kids' Choice Awards[14] Fave International TV Star Номинирана
2010 Gracie Award[15] Outstanding Female Rising Star in a Comedy Series Победничка
NAACP Image Awards[16] Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special Номинирана
Nickelodeon Kids' Choice Awards[17] Favorite TV Actress Победничка
Young Artist Award[18] Best Performance in a TV Movie, Miniseries, or Special – Leading Young Actress Princess Protection Program Номинирана
BET Awards[19] YoungStars Award Wizards of Waverly Place
American Latino Awards[20] Favorite American Latino Actor
Teen Choice Awards[21] Choice TV Actress: Comedy Победничка
Choice Red Carpet Fashion Icon: Female Herself
Choice Summer: Movie Star- Female Ramona and Beezus Номинирана
Imagen Awards[22] Best Actress – Television Wizards of Waverly Place: The Movie
Nickelodeon Australian Kids' Choice Awards[23] Fave TV Star Wizards of Waverly Place Победничка
2011 NAACP Image Awards[24] Outstanding Performance in a Youth/Children's Program – Series or Special Номинирана
Nickelodeon Kid's Choice Awards[25] Favorite TV Actress Победничка
Favorite Female Singer Herself Номинирана

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Selena Gomez, Joey King Are Beezus and Ramona“. Artistdirect.com. http://artistdirect.com/nad/news/article/0,,4968744,00.html. конс. 6 август 2009 г. 
  2. 2,0 2,1 http://www.imdb.com/title/tt1067774/
  3. http://www.mtv.com/news/articles/1657538/selena-gomez-13-reasons-why.jhtml
  4. http://www.celebuzz.com/2011-02-09/selena-gomez-to-star-in-13-reasons-why/
  5. http://backseatcuddler.com/2011/02/08/selena-gomez-to-star-in-13-reasons-why/
  6. „Alma Awards 2008“. AlmaAward.com. 2008. http://web.archive.org/web/20080730002201/www.almaawards.com/2008-nominees.html. конс. 20 октомври 2009 г. 
  7. „Hbo’S Rodrigo Garcia, Ugly Betty’S Tony Plana And Writer Ligiah Villalobos Of La Misma Luna To Receive Top Honors“. Imagen.org. http://www.imagen.org/awards/2008/nominees. конс. 6 август 2009 г. 
  8. „The 40th NAACP Image Awards“. Naacpimageawards.net. http://www.naacpimageawards.net/40/win_tv.php. конс. 6 август 2009 г. 
  9. „Nickelodeon Kids' Choice Awards 2009 Press Kit“. Nickkcapress.com. 30 март 2009. http://www.nickkcapress.com/2009KCA/. конс. 6 август 2009 г. 
  10. „30th Annual Young Artist Awards“. YoungArtistAwards.org. 21 јуни 2009. http://www.youngartistawards.org/noms30.html. конс. 20 октомври 2009 г. 
  11. „Teen Choice Awards 2009: The Winners“. teenchoiceawards.com/. http://www.myfoxla.com/dpp/story/Teen_Choice_2009_Winners_20090809. конс. 10 август 2009 г. 
  12. „Nominees for 24th Annual Imagen Awards Announced“. Imagen.org. 2009. http://www.imagen.org/awards/2009/nominees. конс. 21 декември 2009 г. 
  13. „2009 ALMA Award Nominees & * Winners“. Alma Award. http://www.chiff.com/pop-culture/alma-awards.htm. конс. 19 септември 2009 г. 
  14. David Knox (20 септември 2009). „2009 Kid's Choice Awards: Nominees: TV Tonight“. TVTonight.au.com. http://www.tvtonight.com.au/2009/09/2009-kids-choice-awards-nominees.html. конс. 20 октомври 2009 г. 
  15. „2010 Gracie Awards® Winners“. Gracie Allen Award. http://thegracies.org/2010-grace-awards.php. конс. 25 февруари 2010 г. 
  16. „The 41st NAACP Image Awards“. Naacpimageawards.net. http://www.naacpimageawards.net/41/nominees-and-voting/nominees/. конс. 6 јануари 2010 г. 
  17. „2010 Nickelodeon Kids' Choice Awards“. Nickkcapress.com. 14 февруари 2010. http://www.chiff.com/pop-culture/kids-choice-awards.htm. конс. 14 февруари 2010 г. 
  18. „31st Annual Young Artist Award“. youngartistawards.org/. http://www.youngartistawards.org/noms31.html. конс. 22 февруари 2010 г. 
  19. „YOUNGSTARS AWARD“. Bet.com. 27 јуни 2010. http://betawards.bet.com/nominees/category/youngstars-award. конс. 27 јуни 2010 г. 
  20. „Welcome to the 4th Annual American Latino TV Awards“. americanlatino.tv. 2010. http://www.americanlatino.tv/awards. конс. 5 јуни 2010 г. 
  21. „2010 Teen Choice Awards Winners List“. TeenChoiceAwards.com. http://www.mtv.com/news/articles/1645401/20100809/story.jhtml. конс. 15 јуни 2010 г. 
  22. „Winners of 25th Annual Imagen Awards Announced Honoring Latinos in Entertainment, includes Multiple Wins for the Brothers Bratt“. imaged.org. 16 август 2010. http://www.imagen.org/awards/2010/winners. конс. 17 август 2010 г. 
  23. „Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Winners“. http://www.cambio.com/. 10 октомври 2010. http://www.cambio.com/more/news/australian-nickelodeon-kids-choice-awards-2010-winners. конс. 9 октомври 2010 г. 
  24. „Television Nominees“. Naacpimageawards.net. http://www.naacpimageawards.net/42/winners-and-honorees/television/. конс. 4 март 2011 г. 
  25. „The Winners“. http://www.nick.com/. 10 февруари 2011. http://www.nick.com/kids-choice-awards/nominees. конс. 10 февруари 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]