Средношколски мјузикл 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Средношколски мјузикл 2
(High School Musical 2)“
HighSchoolMusical2.jpg
Режисер Кени Ортега
Продуцент Бил Борден
Сценарист Питер Муси
Настапуваат Зак Ефрон
Ванеса Хаџенс
Ешли Тисдејл
Лукас Грабел
Корбин Блу
Жанр мјузикл, комедија, тинејџерски
Музика Дејвид Лоренс
Дистрибутер Disney Channel
Премиера 17 август 2007
Времетраење 105 мин.
Држава  САД
Јазик англиски
Буџет $7,000,00
Претходен Средношколски мјузикл (2006)
Следен Средношколски мјузикл 3:Сениорска година (2008)

Средношколски мјузикл 2 (англиски: High School Musical 2) е мјузиклкомедија тинејџерски филм од 2007 год. Филмот е продолжение на истоимениот филм Средношколски мјузикл, кој својата премиера ја имаше во 2006 година. Ова продолжение ги урна сите рекорди во историјата на кабелските телевизии. Премиерата на ТВ Каналот Дизни во САД ја гледаа 17,2 милиони гледачи, 10 милиони повеќе од првиот дел. Филмот оствари рекорд и на азискиот континент: го гледаа 17,5 гледачи, од кои дури 9 милиони на Филипините.

Приказна[уреди | уреди извор]

Сите се возбудени поради летниот распуст. Трој Болтон (Зак Ефрон) бара работа и се обидува да ја одржи врската со Габриела Монтез (Ванеса Хаџенс). Ѕвони последното училишно ѕвонче, сите танцуваат и пеат, а Трој како знак за својата љубов на Габриела и подарува синџирче со буквата “Т”. Шарпеј Еванс (Ешли Тисдејл) и Рајан Еванс (Лукас Грабел) планираат да го поминат летото во семејниот кантри клуб. Шарпеј го вработува Трој во клубот само за да го оддалечи од Габриела. Но, тој во клубот ги вработува Габриела и нивните пријатели од гимназијата. Тоа не ја поколебува Шарпеј, која го запознава Трој со нејзините богати родители. Влегувањето во кругот на богатите на Трој му изгледа како одлична можност за добивање стипендија за факлутет. Тој постепено се оддалечува од Габриела и од друштвото и почнува чудно да се однесува. Најголемо разочарување кај Габриела ќе предизвика одлуката на Трој, наместо со неа, на шоуто за таленти да пее со Шарпеј.

Ликови[уреди | уреди извор]

Главни[уреди | уреди извор]

  • Трој Болтон (Зек Ефрон) е машкиот протагонист во филмот. Тој е најпопуларното момче во Ист Хај Скул, и капитенот на училишниот кошаркарски тим. Тој е во врска со Габриела Монтез, која е толкувана од Ванеса Худгенс. Во ова продолжение на филмот, Трој, заедно со поголем дел од Ист Хај, зема летна работа во Лава Спрингс, летен клуб кој е во сопствеништво на родителите на Шарпеј и Рајан Иванс. За време на летото, тој добива нови шанси да се запише на добар факултет и лесно да се здобие со кошаркарска стипендија, но станува арогантен на изненадување на Ист Хај; ова буди љубомора кај неговиот најдобар пријател, Чед Данфорд и Габриела почнува да се грижи дека Трој почнува да ги запоставува неговите пријатели. Некаде во средината на филмот Трој станува љубоморен кога забележува дека Габриела почнува да се дружи со Рајан. Тој е исто близок пријател со Џејсон и Зек. За овој филм, Ефрон сите песни ги пее со сопствен глас, додека во првиот дел Средношколски Мјузикл, неговиот глас е компијутерски помешан со гласот на Дру Сили.
  • Габриела Монтез (Ванеса Худгенс) е женскиот протагонист во филмот. Таа е интелигентна и убава девојка но отсекогаш била сметана за досадна девојка сè додека не се запише во Ист Хај и Тејлот МекКиси не и отвори многу врати и ја допушта да и се придружи на нејзината група за дружење. Откако Габриела започнува врска со Трој исто така станува и доста популарна. Заедно со останатите, таа зема летна работа во Лава Спрингс (како спасувач). Како што поминува летото, таа чувствува дека Трој станал друга личност откако доби шанси за факултет. Габриела започнува се повеќе да поминува време со Рајан но не забележува дека тој е вљубен во неа. Двојката(Габриела и Трој) раскинуваат во овој дел но ја обновуваат врската на крајот на филмот. Најдобра другарка и е Тејлор МекКиси. Таа исто така е добра другарка со Келси Ниелсен и Марта Кокс.
  • Чед Данфорт (Корбин Блу) е најдобриот другар на Трој и е многу близок со Џејсон и Зек.
  • Тејлор МекКиси (Моник Колмен) е најдобрата пријателка на Габриела. Таа исто така е добра другарка со Келси Ниелсен и Марта Кокс.

Споредни[уреди | уреди извор]