The Guardian

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гардијан е британски дневен весник. Од 1821 до 1959 година е познат како Манчестер Гардијан (Manchester Guardian). Заедно со своите сестрински весници Опсервер (The Observer) и Неделен Гардијан (Guardian Weekly), Гардијан (The Guardian) е дел од Гардијан Медиа Груп (Guardian Media Group), поседувани од Скот Траст (Scott Trust). Траст (The Trust) бил создаден во 1936 година "за да обезбеди финансиска и издавачка независност на Гардијан (Guardian) во континуитет и да ја заштити слободата на новинарите и либералните вредности на Гардијан (Guardian) ослободени од комерцијални или политички влијанија." Скот Траст (Scott Trust) бил претворен во друштво со ограничена одговорност во 2008 година, со Статут напишан на начин со кој ќе ги застапува истите заштитни мерки на Гардијан какви што биле вградени на почетокот во структуртата на Траст (the Trust) од неговите основачи. Профитот се реинвестира во новинарството наместо да претставува бенефит за сопственикот или акционерите.[1] Читателите на весникот главно се од левицата на политичката мисла во Британија.[2][3] Репутацијата на весникот како платформа за либералната и левичарската публика довело да се употребува изразот "читател на Гардијан" и "Гардијанист" често (но не секогаш) како погрден епитет за оние со левичарски или политички коректни тенденции.[4][5][6] Гардијан е уредуван од Катерина Винер (Katharine Viner), која го наследила Алан Русбриџер (Alan Rusbridger) во 2015 година.[7][8] Во 2016 година, печатеното издание на Гардијан имало просечно околу 162,000 копии во земјата како дневен тираж, позади Дејли телеграф (The Daily Telegraph) и Тајмс (The Times).[9] Од 2018 година се печати во форма на таблоид. Весникот има онллајн издание во Велика Британија како и два интернационални интернет страници, Guardian Australia (основан во 2013 година) и Guardian US (основан во 2011 година). онлајн изданието на весникот било петто најчитано во светот во октомври 2014 година, со преку 42.6 милиони читатели.[10] Неговото комбинирано печатено и онлајн издание достигнува до близу 9 милиони читатели во Британија.[11] Значајни стории го вклучуваат Интернационалниот скандал со прислушување на телефони од 2011 година, особено прислушувањето на телефонот на убиениот англиски тинејџер Мили Доулер (Milly Dowler).[12] Истражувањето доведе до затворање на најпродаваниот неделен весник во Британија, и еден од весниците со најголем тираж во светот, Вести од светот.[13] Весникот исто така објави вести за тајната збирка на телефонски разговори на Веризон (Verizon) на владата на претседателот на САД Барак Обама (Barack Obama) во јуни 2013 година,[14] и потоа откри постоење на PRISM систем за следење по неговото доставување до весникот од NSA whistleblower Едвард Сноуден (Edward Snowden).[15] Во 2016 година, го предводеше истражувањето на Панама Пејперс (Panama Papers), објавувајќи врски на тогашниот премиер на Британија Дајвид Камерон (David Cameron) со сметки во офшор банки (offshore bank accounts).

Гардијан бил избран за весник на годината четири пати од годишните Британски новински награди, последен пат во 2014 година за известување за следењето на владата.[16] Заради честите печатни грешки во весникот, во 1960-тите Private Eye го нарекол The Grauniad, прекар кој денес се уште употребува.[17]

Историја[уреди | уреди извор]

Од 1821 до 1972 година[уреди | уреди извор]

Првите години[уреди | уреди извор]

Manchester Guardian Prospectus, 1821

Манчестер Гардијан (The Manchester Guardian) бил основан во Манчестер во 1821 година од трговец со памук Џон Едвард Тејлор (John Edward Taylor) со поддрѓка од Малиот Круг, група на неконформисти бизнисмени.[18] Тие го стартувале својот весник по затворањето на повеќе радикалниот Манчестер Обсервер (Manchester Observer), весник кој ја фаворизирал каузата на протестантите од масакрот од Петерло (Peterloo Massacre).[19] Тејлор бил непријателски настроен кон радикалните реформатори, и напишал: "Тие не се насочени кон причината туку кон страстите и страдањата на нивните злоупотребени и лековерни сонародници, од кои заболената индустрија изнудува средства за удобно постоење кое е полно со изобилство. Тие не се трудат, ниту пак измислуваат и лажат, но живеат подобро од тие што тоа го прават."[20] Кога власта го затворила Манчестер опсервер (Manchester Observer), сопствениците на мелницата стекнале превласт.[21]

Влијателниот новинар Џеремаја Гарнет (Jeremiah Garnett) му се приклучил на Тејлор за време на основањето на весникот, и сите членови на Малиот Круг (Little Circle) пишувале статии за новиот весник.[22]

Огласот кој го најавувал новото издание тврдел дека тоа "ревносно ќе ги спроведува принципите на граѓанската и религиската слобода […] застапувајќи ја причината за реформирање […] со настојување да помогне во ширењето на принципите на политичката економија и […] поддршка, без оглед на партијата од која потекнуваат сите корисни мерки".[23] Во 1825 година весникот се обединил со Британски доброволец (British Volunteer) и бил познат како Манчестер Гардијан и Британски Доброволец (The Manchester Guardian and British Volunteer) се до 1828 година.[24]

Весникот на работничката класа Огласник на Манчестер и Салфорд (Manchester and Salford Advertiser) го нарекол Манчестер Гардијан (Manchester Guardian) "расипана проститутка и нечист паразит од најлошиот дел од сопствениците на мелницата".[25] Манчестер Гардијан главно бил непријателски настроен кон работничките барања. Од нацрт-законот од 1832 година за Десет Часа (Ten Hours Bill), весникот се сомнева дали во однос на странскиот конкуренција "усвојувањето на законот со позитивно влијание врз постепеното уништување на производството на памук во кралството ќе биде многу помалку рационална постапка."[26] The Manchester Guardian dismissed strikes as the work of outside agitators: "[…] if an accommodation can be effected, the occupation of the agents of the Union is gone. They live on strife […]"[27]

Манчестер Гардијан (The Manchester Guardian) бил многу критички настроен кон однесувањето на претседателот на САД Абрахам Линколн (Abraham Lincoln) за време на граѓанската војна во САД, пишувајќи дека Абрахам Линколн бил убиен во атентат: "За неговото владеење, не можеме да кажеме ништо друго освен дека е серија на дејства одвратни за секое вистинско разбирање на уставното право и човековата слобода […]"[28]

Ц.П.Скот (C. P. Scott)[уреди | уреди извор]

Ц.П.Скот (C. P. Scott) го направил весникот познат во целата земја. Тој бил уредник во период од 57 години почнувајќи во 1872 година, и станал негов сопсвеник кога го купил весникот од синот на Тејлор во 1907 година. Под водство на Скот (Scott), умерената уредувачка линија на весникот станала порадикална, давајќи поддршка на Вилијам Гладстон (William Gladstone) при поделбата на либералите во 1886 година, и спротивставувајќи се во Втората Бурска Војна на народното мислење.[29] Скот (Scott) го поддржал движењето за право на глас на жените, но бил критички настроен кон било какви дејства на приврзаниците за право на глас на жените кои вклучувале директно дејство:[30] "Навистина смешен став е тој што Господин Лојд Џорџ (Mr Lloyd George) се бори да ослободи седум милиони жени и протестантите кршат прозорци на беспомошни луѓе и ги кршат состаноците на добротворни заедници во очаен обид да го спречат." Скот (Scott) сметал дека "храброста и посветеноста" на борците за право на глас на жените биле "вредни подобра причина и поздраво водство".[31] Се зборува дека критичкиот став на Скот влијаел врз распространетиот презир, кој постоел во тоа време, кон оние жени кои "ги прекршиле родовите очекувања на Едвардијанското општество".[30]

Скот (Scott) нарачал Џ.М.Синџ (J. M. Synge) и неговиот пријател Џек Јетс (Jack Yeats) да создадат статии и цртежи кои ги документираат општествените услови на западот од Ирска (пред Првата Светска Војна), и овие дела биле објавени во 1911 година во збирката Патувања во Виклоу, Вест Кери и Конемара.[32]

Пријателството на Скот со Чаим Ваицман (Chaim Weizmann) играло улога во Декларацијата од Балфур (Balfour Declaration) од 1917 година, и во 1948 година Манчестер Гардијан бил поддржувач на новата држава Израел.

Во јуни 1936 година сопственоста на весникот преминала кај Скот Труст (Scott Trust) (наречен според последниот сопственик, Џон Расел Скот (John Russell Scott), кој бил прв претседател на Трустот). Ова осигурало независност на весникот.[се бара извор]

Шпанска граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Традиционално поврзан со центристичката до централно-левичарската Либерална партија, и со северна, не-конформистичка основа на тиражот, весникот стекнал национална репутација и почитување од левицата за време на Шпанската граѓанска војна (1936–1939 година). Џорџ Орвел (George Orwell) напишал во Омаж за Каталонија: "Од нашите најголеми весници, Манчестер Гардијан е единствениот кој ми остава зголемен почит за неговата чесност". Со про-либералната Хроника на новостите, Лабуристички настроениот Дејли Хералд (Daily Herald), весникот на Комунистичката партија Делји Воркер (Daily Worker) и неколку неделни и седмични весници, тој ја поддржувал Републиканската власт против националистите на Генералот Франциско Франко (Francisco Franco).

  1. The Scott Trust: values and history“, „The Guardian“, 26 јули 2015 (посет. 20 декември 2015 г).
  2. International Socialism Spring 2003,
  3. „Ipsos MORI“. Ipsos MORI. архивирано од изворникот на 23 мај 2009 г.. https://web.archive.org/web/20090523104959/http://www.ipsos-mori.com/content/polls-05/voting-intention-by-newspaper-readership-quarter-1.ashx. посет. 6 март 2016 г. 
  4. Department of the Official Report (Hansard), House of Commons, Westminster (19 ноември 2001). „Hansard 374:54 19 November 2001“. Publications.parliament.uk. https://publications.parliament.uk/pa/cm200102/cmhansrd/vo011119/debtext/11119-08.htm#11119-08_spnew3. посет. 28 јули 2009 г. 
  5. What the papers say“, „BBC News“, 17 октомври 2005.
  6. „Definition of Guardian Reader“. https://www.collinsdictionary.com/dictionary/english/guardian-reader. посет. 10 јануари 2018 г. 
  7. „Guardian appoints Katharine Viner as editor-in-chief | Media“. The Guardian. 20 март 2015. https://www.theguardian.com/media/2015/mar/20/guardian-appoints-katharine-viner-new-editor-in-chief. посет. 6 март 2016 г. 
  8. Rusbridger, Alan. „'Farewell, readers': Alan Rusbridger on leaving the Guardian after two decades at the helm“. https://www.theguardian.com/media/2015/may/29/farewell-readers-alan-rusbridger-on-leaving-the-guardian. посет. 29 мај 2015 г. 
  9. „Print ABCs: Metro overtakes Sun in UK weekday distribution, but Murdoch title still Britain's best-selling paper“. http://www.pressgazette.co.uk/print-abc-metro-overtakes-sun-in-uk-weekday-distribution-but-murdoch-title-still-britains-best-selling-paper/. посет. 11 јули 2017 г. 
  10. The Guardian overtakes New York Times in comScore traffic figures“, The Guardian (посет. 11 септември 2015 г).
  11. Halliday, Josh. „The Guardian reaches nearly 9 million readers across print and online“, The Guardian, 12 септември 2012 (посет. 27 октомври 2013 г).
  12. „Can the Guardian survive?“. Intelligent Life. July–August 2012. http://moreintelligentlife.com/content/ideas/tim-de-lisle/can-guardian-survive?page=0%2C2. 
  13. Woolf, Nicky (3 јули 2012). „Could the newspaper that broke the hacking scandal be the next to close?“. GQ.com. архивирано од изворникот на 6 јули 2012 г.. https://web.archive.org/web/20120706181914/http://www.gq-magazine.co.uk/comment/articles/2012-07/03/interview-with-the-guardian-newspaper-editor-alan-rusbridger-on-hacking. 
  14. Hosenball, Mark (6 јуни 2013). „Obama administration defends massive phone record collection“. Reuters. https://www.reuters.com/article/2013/06/06/us-usa-wiretaps-verizon-idUSBRE95502920130606. посет. 6 март 2016 г. 
  15. „Edward Snowden: the whistleblower behind the NSA surveillance revelations | US news“. The Guardian. 9 јуни 2013. https://www.theguardian.com/world/2013/jun/09/edward-snowden-nsa-whistleblower-surveillance. посет. 6 март 2016 г. 
  16. Rawlinson, Kevin. „Guardian wins newspaper and website of the year at British press awards“, 2 април 2014 (посет. 12 јуни 2014 г).
  17. Mind your language“, 23 август 2009. (на en-GB)
  18. Wainwright, Martin. „Battle for the memory of Peterloo: Campaigners demand fitting tribute“, „The Guardian“, 13 август 2007 (посет. 26 март 2008 г).
  19. Editorial. „The Manchester Guardian, born 5 May 1821: 190 years – work in progress“, 4 мај 2011.
  20. Manchester Gazette, 7 August 1819, quoted in Ayerst, David (1971). 'Guardian' : biography of a newspaper. London: Collins. стр. 20. ISBN 0-00-211329-5. 
  21. Harrison, Stanley (1974). Poor men's guardians : a record of the struggles for a democratic newspaper press, 1763–1973. London: Lawrence and Wishart. стр. 53. ISBN 0-85315-308-6. 
  22. Шаблон:Cite DNB
  23. „The Scott Trust: History“. Guardian Media Group. архивирано од изворникот на 28 јули 2008 г.. https://web.archive.org/web/20080728175652/http://www.gmgplc.co.uk/ScottTrust/History/tabid/193/Default.aspx. посет. 26 март 2008 г. 
  24. „The Manchester guardian and British volunteer – JH Libraries“. Catalyst.library.jhu.edu. https://catalyst.library.jhu.edu/catalog/bib_3593893. посет. 6 март 2016 г. 
  25. 21 May 1836
  26. „Editorial“, „The Manchester Guardian“, 28 јануари 1832.
  27. „Editorial“, „The Manchester Guardian“, 26 февруари 1873.
  28. „Editorial“, „The Manchester Guardian“, 27 април 1865.
  29. Hampton, Mark. The Press, Patriotism, and Public Discussion: C. P. Scott, the "Manchester Guardian", and the Boer War, 1899–1902. „The Historical Journal“ том  44 (1): 177–197. https://www.jstor.org/pss/3133966. 
  30. 30,0 30,1 Purvis, June. „Unladylike behaviour“, „The Guardian“, Guardian News and Media, 13 ноември 2007 (посет. 28 јули 2009 г).
  31. quoted in David Ayerst, The Guardian, 1971, p 353
  32. Arnold, Bruce. „To the waters and the wild“, Independent News & Media, 27 ноември 2012 (посет. 4 јуни 2014 г).