Шпанска граѓанска војна
| Шпанска граѓанска војна | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од меѓувоениот период | |||||||
Инернационални бригадисти на тенк |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
Поддржани од | Поддржани од |
||||||
| Сила | |||||||
сила во 1938:[1]
| сила во 1938:[2]
|
||||||
| Жртви и загуби | |||||||
|
|||||||
Дел од темата |
|---|
| Историја на Шпанија |
Шпанска граѓанска војна (17 јули 1936 – 1 април 1939), позната и како Шпанска револуција — војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните формациии, на чело со Франциско Франко од друга.
Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите личности кои се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.
По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.
Тек на војната
[уреди | уреди извор]Воениот пуч во Мароко
[уреди | уреди извор]Војната започна на 17 јули 1936 година, кога десничарски воени офицери, предводени од генералот Емилио Мола и Франциско Франко, започнаа бунт против републиканската влада во Шпанско Мароко и се прошири на континентална Шпанија. Пучот беше делумно успешен: Националистите ја презедоа контролата врз делови од северна и јужна Шпанија, вклучително Севиља, Кадиз и Сарагоса, но не успеаја во клучните градови како Мадрид, Барселона и Билбао, каде што републиканските сили и работничките милиции се спротивставија.
Франко, кој беше во Канарските Острови, се пресели во Мароко и ја презеде командата врз Африканската армија. Со помош од нацистичка Германија (која обезбеди авионски транспорт) и фашистичка Италија, националистичките сили се префрлија во Шпанија. Во периодот август – септември 1936 Националистите напредуваа кон Мадрид. Клучен настан беше масакрот во Бадахос (август), каде што националистичките сили убија илјадници републиканци. Во меѓувреме, републиканската влада, предводена од Хозе Гирал, се реорганизираше, а анархистите и комунистите формираа милиции. Во октомври 1936 Националистите се приближија до Мадрид. Франко беше прогласен за "Генералисимо" и шеф на националистичката држава. Републиканците добија поддршка од Советскиот Сојуз, кој испрати тенкови и авиони, додека Меѓународните бригади (доброволци од странство, вклучително Американци, Британци и други) започнаа да се формираат.
Опсадата на Мадрид
[уреди | уреди извор]Битката за Мадрид, стана симбол на републиканскиот отпор. Во ноември 1936, Националистите го опколија Мадрид. Првпат во историјата, градот беше бомбардиран од воздух (од германската Легија Кондор). Републиканците, со слоганот "¡No pasarán!" (Нема да поминат!), успешно ја одбранија престолнината со помош од советски тенкови и Меѓународните бригади.
Во март 1937 во битката кај Гвадалахара – републиканците ги победија италијанските сили, што го забави напредокот на Националистите. Во меѓувреме, републиканската влада се пресели во Валенсија, а Франциско Ларго Кабалеро стана премиер. Внатрешни поделби кај републиканците (анархисти, комунисти, социјалисти) доведоа до судири, како во Барселона во мај 1937.
Северна кампања и ескалација
[уреди | уреди извор]
Националистите се свртеа кон северот, каде што баскиските и астурските региони беа републикански упоришта. Во април 1937 била бомбардирана Герника од Легијата Кондор – еден од првите масовни воздушни напади врз цивили, инспирирајќи ја познатата сликата на Пикасо.
Во јуни 1937 падна Билбао, Сантандер во август и Астурија во октомври. Ова ја зајакна националистичката контрола врз индустриските ресурси. Републиканците пробаа контраофанзиви, како битката кај Брунете (јули 1937), но не успеаја. Хуан Негрин стана нов републикански премиер во мај 1937.
Битката кај Теруел и Медитеранот
[уреди | уреди извор]
Битката кај Теруел – републиканска офанзива што првично успеа, но националистите ја вратија контролата со големи загуби од двете страни. Во текот на март – април 1938, Националистите ја пробија републиканската линија и стигнаа до Медитеранот, делејќи ја републиканската територија на два дела (Каталонија и централна Шпанија).
Битката кај Ебро и падот на Каталонија
[уреди | уреди извор]Битката кај Ебро беше најголемата битка во војната. Републиканците започнаа офанзива кај реката Ебро за да ја обединат територијата. И покрај почетниот успех, националистите, со супериорна воздушна и артилериска поддршка, ги поразија со огромни загуби (преку 100.000 жртви). Од декември 1938, Националистите ја нападнаа Каталонија. Барселона падна на 26 јануари 1939, а стотици илјади бегалци побегнаа во Франција.
Крај на војната
[уреди | уреди извор]Со падот на Каталонија, републиканскиот отпор се распадна. Внатрешен пуч во Мадрид (март 1939) против Негрин доведе до хаос. Националистите влегоа во Мадрид без отпор на 28 март. На 1 април 1939 Франко ја прогласи победата. Војната заврши со националистички триумф, што доведе до диктатурата на Франко до 1975 година.
Македонци во Шпанската граѓанска војна
[уреди | уреди извор]На страната на Републиката се бореле и 137 Македонци, од трите делови на Македонија и од дијаспората.[4][5] Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:[6] Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Трифун Бузев, Тане Наумов, Димитар Тодоров, Борис Атков, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Петар Калев, Илија Јотов, Панајот Јотов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската Република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунете, и на други места. На воените боишта животите ги положиле 65 Македонци, околу половина од вкупниот број борци.[7][8]
Шпанската граѓанска војна како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Во чест на Каталонија“ — книга на британскиот писател Џорџ Орвел од 1938 година.[9]
- „Сон“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[10]
- „Песна за другарот“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[11]
- „Песна за жената“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[12]
- „Писмо“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[13]
- „Денунцијација“ (англиски: Denunciation) — краток расказ на американскиот писател Ернест Хемингвеј.[14].
- „Старецот на мостот“ (англиски: The old man at the bridge) — краток расказ на Ернест Хемингвеј.[15].
- „Под сртот“ (англиски: Under the ridge) — краток расказ на Ернест Хемингвеј.[16].
- „Ноќ пред битката“ (англиски: Night before battle) — краток расказ на Ернест Хемингвеј.[17].
- „Шпански бомби“ (англиски: Spanish Bombs) — песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1979 година.[18]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна
- Биста на Алексо Демниевски - Бауман во Велес
- Биста на Боро Поцков во Струмица
- Биста на Спас Банџов во Охрид
- Биста на Цветко Узуновски во Ресен
- Биста на Елисие Поповски во Маврово
- Биста на Слободан Митров во Гевгелија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Thomas (1961). p. 491.
- ↑ Thomas (1961). p. 488.
- ↑ Beevor (2006). pp. 410–11. Beevor notes that around 150,000 had returned by 1939.
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 898 стр.
- ↑ Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“, „Утрински весник“, 31 јули 2006.
- ↑ Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна
- ↑ Владимир Картов „КПЈ во Македонија и Шпанската граѓанска војна“ во „Историја“, 1986, бр. 1, 113 стр.
- ↑ Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“
- ↑ Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 85-86.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 87.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 88.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 85-89-91.
- ↑ Ernest Hemingway, Snjegovi Kilimandžara i druge priče. Znanje, Zagreb, 1984, стр. 123-135.
- ↑ Ernest Hemingway, Snjegovi Kilimandžara i druge priče. Znanje, Zagreb, 1984, стр. 192-194.
- ↑ Ernest Hemingway, Snjegovi Kilimandžara i druge priče. Znanje, Zagreb, 1984, стр. 179-191.
- ↑ Ernest Hemingway, Snjegovi Kilimandžara i druge priče. Znanje, Zagreb, 1984, стр. 147-178.
- ↑ DISCOGS, The Clash – London Calling (пристапено на 9.5.2020)
Литература
[уреди | уреди извор]- Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.), „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961.
- Перо Коробар, Владимир Ивановски (ур.) „Во срцето на Шпанија: сеќавања на интербригадистите од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1975.
- Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.), „Во меѓународните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонска архива за Шпанската граѓанска војна и револуција
- Здравко Савески, Здравко Стојкоски „Но пасаран: учеството на борците од Македонија во Шпанската граѓанска војна“, Левица, 2016
- Еди Конлон „Шпанската граѓанска војна: анархизам на дело“
- Текстови на „Окно“ за Шпанската граѓанска војна
- Ајлин О’Карол, „Mujeres libres: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна“, Движење за социјална правда „Ленка“ Архивирано на 10 септември 2016 г.
- Дес Мекарон, „Колективите за време на Шпанската револуција (1936-1939)“, Црн блок
- Август Лешник, „Југословенските интербригадисти во Шпанија“ во „Војно-историјски гласник“, бр. 1-2/2007, 21-49 стр. Архивирано на 4 март 2016 г. (српски)
|