22 јули
Изглед
22 јули — 203-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (204-и во престапна година). Остануваат 162 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2026
Настани
[уреди | уреди извор]| 1099 | Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство. |
| 1456 | Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II. |
| 1894 | Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс. |
| 1908 | Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници. |
| 1933 | Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути. |
| 1948 | Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја. |
| 1962 | Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира. |
| 1992 | Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата. |
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]| 1461 | Шарл VII Победникот — француски крал. |
| 1676 | Климент X — римски папа. |
| 1822 | Наполеон II — француски крал. |
| 1926 | Фридрих Визер — австриски економист. |
| 1934 | Џон Дилинџер — американски криминалец. |
| 1967 | Лајош Касак — унгарски писател и сликар. |
| 1968 | Павлос Гипарис — грчки офицер. |
| 1979 | Шандор Кочиш — унгарски фудбалер. |
| 1990 | Асан Керим — македонски и југословенски политичар. |
| 2025 | Ози Озборн — англиски пејач, член на рок-групата Блек сабат. |