Институт за национална историја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на Институтот за национална историја

Институт за национална историја (ИНИ) — државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е д-р Драги Ѓорѓиев.

ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност (последипломските и докторските студии).

Одделенија[уреди | уреди извор]

Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:

  • Одделение за античка и средновековна историја на Македонија (до 1371 година)
  • Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење (до почетокот на 19 век)
  • Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во 19 век до 1912 година
  • Одделение за историјата на македонскиот народ (1913-1941)
  • Одделение за историјата на македонскиот народ (1941-1991)
  • Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото
  • Балканолошко одделение

Од 1957 година Институтот издава научно списание „Гласник”.

Поранешни директори[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]