18 јули
Изглед
18 јули — 199-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (200-и во престапна година). Остануваат 166 денови до крајот на годината.
Настани:
| 64 | Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори. |
| 1830 | Уругвај го усвојува својот прв Устав. |
| 1846 | Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. |
| 1898 | Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент. |
| 1925 | Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“. |
| 1936 | Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон. |
| 1968 | Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел. |
| 1967 | Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. |
Родени:
Починале:
| 1610 | Микеланџело Меризи да Караваџо — италијански барокен сликар |
| 1721 | Жан Антоан Вато — француски барокен сликар. |
| 1817 | Џејн Остин — англиска писателка. |
| 1872 | Бенито Хуарез — мексикански претседател. |
| 1895 | Стефан Стамболов — бугарски револуционер. |
| 1949 | Вичеслав Новак — чешки композитор. |
| 1988 | Нико — германско-американска пејачка и глумица. |
| 1997 | Јуџин Шумејкер — американски астрогеолог. |
Празници:
| Уругвај — Ден на Уставот. |