Стефан Стамболов
| Стефан Стамболов | |
|---|---|
| 9ти Премиер на Бугарија | |
| На должноста 1 септември 1887 – 31 мај 1894 | |
| Монарх | Фердинанд |
| Претходник | Константин Стоилов |
| Наследник | Константин Стоилов |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 13 февруари 1854 Трново, Османлиско Царство |
| Починал(а) | 19 јули 1895 (возр. 41) Софија, Кнежевство Бугарија |
| Почивалиште | Централни софиски гробишта |
| Занимање | државник, поет |
Стефан Стамболов (12 февруари 1854 - 18 јули 1895 ) бил бугарски револуционер, новинар, поет, политичар и државник, кој во 1880 год. станал народен пратеник и потпретседател на Народното собрание, а во 1884 и негов претседател.
Рани години
[уреди | уреди извор]Роден е во (Трново). Учи во Трново и Одеса. Учесник е во револуционерните борби на бугарскиот народ за ослободување пред 1878 г. Активен учесник е и во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија) во 1885 г.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]
Бил и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” 1878-1879. Тој го помогнал и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот станал премиер со изразито прозападна и антируска ориентација. Бил ценет во западните држави како политичар, кој сакал да ја ослободи својата земја од зависност од Русија. Во периодот од 1 декември 1893 година до 31 мај 1894 година бил министер на народното просвештение во Кнежевство Бугарија.
Голем дел од македонските деjци биле против диктаторските методи на Стамболов и неговата протурска политика[1], па така дошло и до книшката на Вардарски (Петар Поп Арсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставувала програмата на тогаш основаната ТМОРО. (Види Лозарското движење)
Убиство
[уреди | уреди извор]
На 15 јули 1895 година врз Стамболов бил извршен обид за убиство од Михаил Ставрев и други македонски дејци, блиски до Наум Туфекчиев, и по три дена умира од повредите. Повод за убиството била одмазда за смртта на Коста Паница – бивш сојузник на Стамболов, кој со содејство на Русија прави опид за воен преврат и како резултат на тоа е екзекутиран. Стамболов е нападнат два дена пред делегацијата за помирување со Русија да биде примена од рускиот цар Николај II.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Константин Стоилов |
Премиер на Бугарија 1887-1894 |
Наследник Константин Стоилов |
| ||||||||||||||||||||||
|