Тодор Живков
| Тодор Живков | |
|---|---|
| Генерален секретар на Централниот комитет на БКП | |
| На должноста 4 март 1954 – 10 ноември 1989 | |
| Претходник | Валко Червенков |
| Наследник | Петар Младенов |
| Претседател на Државен совет | |
| На должноста 7 јули 1971 – 17 ноември 1989 | |
| Претходник | нема |
| Наследник | Петар Младенов |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 7 септември 1911 Правец, |
| Починал(а) | 5 август 1998 (возр. 86) Софија, |
| Националност | Бугарин |
| Партија | Бугарска комунистичка партија |
| Сопружник | Мара Малеева |
| Деца | Људмила Владимир |
| Вероисповед | None (Атеизам) |
Тодор Живков (7 септември 1911 — 5 август 1998 ) — комунистички политичар од Бугарија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Семејство и детство
[уреди | уреди извор]Тодор Живков е роден на 7 септември 1911 година во селото Правец, Орханиско, во семејство со среден имотен статус. Тој е најстарото дете на Христо и Маруца Живкови. По него се раѓаат неговиот брат Георги и сестра му Цветана. Неговиот татко, Христо, бил земјоделец, но се занимавал и со кожарство, трговија со дрва и обиди за производство на сирење. Учествувал во Балканските војни (1912–1913) и Првата светска војна (1914–1918), достигнувајќи подофицерски чин. Мајка му, Маруца, потекнувала од заможно семејство Гергови, преселено во Правец од Сомовит. Иако немала формално образование, била течно говоречка и многу побожна, што влијаело врз моралното воспитување на Живков.
Живков растел во скромни услови, во село каде што земјоделството и занаетчиството биле главни извори на егзистенција. Неговото детство било обележано со работа на поле и помагање во семејните обврски, што го формирало неговиот прагматичен и практичен пристап кон животот.
Образование
[уреди | уреди извор]Живков завршил основно образование во родниот Правец. На 16-годишна возраст, во 1927 година, се преселил во Софија за да работи како чирак во печатница. Таму продолжил да учи во вечерно училиште, каде што стекнал основни знаења за печатарскиот занает и општа култура. Неговото образование било ограничено поради социјалните и економските услови, но тој бил самоук и многу љубопитен, читајќи книги за социјализам и марксизам, што подоцна го насочило кон политички активизам.
Управување со Бугарија
[уреди | уреди извор]
Во продолжение на 35 години (во периодот од 1954 до 1989 година) бил партиски водач на водечката владејачка партија БКП — прв секретар, подоцна генерален секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија (1954 — 1989), владин шеф (претседател на Министерскиот совет, 1962 — 1971) и шеф на државата (претседател на Државниот совет, 8 јули 1971 — 17 ноември 1989) на Народна Република Бугарија. Често бил нарекуван Тошо, бај Тошо и Татон.
На 4 март 1954 година бил избран за прв секретар на Централниот комитет на БКП на местото на дотогашниот партиски водач на функцијата генерален секретар Валко Червенков. Подоцна (1981) неговата должност прв секретар била преименувана во генерален секретар. Тој бил премиер на Бугарија во 70-то (1962 — 1966) и 71-то (1966 — 1971) собрание — втор по времетраење период на овој пост во бугарската историја по Станко Тодоров. Од усвојувањето на Уставот во 1971 година до крајот на 1989 година бил претседател на Државниот совет, односно Шеф на државата.
Контроверзии и репресии
[уреди | уреди извор]Владеењето на Живков било обележано со репресии против политичките противници. Државна сигурност, тајната полиција, била инструмент за контрола на општеството, следејќи ги дисидентите, интелектуалците и сите што се сметале за закана за режимот. Многу луѓе биле затворани, измaчувани или испратени во логори за присилна работа, како оној во Белене.
Една од најконтроверзните политики на Живков била кампањата за „бугаризација“ на турското малцинство во Бугарија во 1980-тите, позната како „Преродбенски процес“. Турците во Бугарија биле принудени да ги сменат своите имиња со бугарски, а нивните културни и верски права биле ограничени. Ова предизвикало масовни протести, репресии и емиграција на околу 300.000 етнички Турци во Турција во 1989 година, што го нарушило меѓународниот углед на Бугарија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||
|