Премиер на Бугарија
Премиер на Бугарија
Министър-председател на България | |
---|---|
Членува во | Европскиот совет |
Назначувач | Народното собрание |
Мандат | 4 години |
Прв функционер | Тодор Бурмов |
Создадена | 17 јули 1879 |
Заменик | заменик премиер |
Плата | ~7.000 лв. месечно[1] |
Мреж. место | government.bg |
Премиерот на Република Бугарија (бугарски: Министър-председател на Република България, неформално: премиер-министер или само премиер) е највисоката функција во извршната власт на Бугарија од 1878 година.
Премиер на редовна влада
[уреди | уреди извор]Според актуелниот бугарски Устав[2] , премиерот на Бугарија добива мандат за формирање влада од претседателот и е избран на функцијата од Народното собрание.
Премиерот:
- ја предлага структурата на Советот на министри за одобрување од Народното собрание;
- ги избира и предлага на одобрување во Народното собрание министрите во неговиот кабинет;
- ги именува и разрешува замениците-министри на министерствата и другите раководители на сектори кои се директно подредени на Советот на министри.
- Како носител на мандатот на извршната власт во овластувањата на премиерот е потпишувањето на уредби и други одлуки на Советот на министри.
Редовниот мандат на претседавачот со Советот на министри е до крајот на мандатот на релевантното Народно собрание кое го избрало. Оставката на премиерот значи оставка на целата влада. Не постои ограничување на бројот на мандати што едно лице може да биде премиер.
Премиер на техничка влада
[уреди | уреди извор]Кога претседателот го распушта парламентот и распишува парламентарни избори, тој назначува техничка влада. Мандатот на техничката влада е до изборот на следната редовна влада од следниот парламент.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bulgaria hikes pay for MPs, Prime Minister and President“. 14 February 2018.
- ↑ Глава пета: Министерски съвет од бугарскиот Устав во Викиизвор