Прејди на содржината

Георги Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Димитров
Димитров во 1947
Генерален секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија
На должноста
27 декември, 1948 – 2 јули, 1949
Наследник В’лко Червенков
Премиер на Бугарија
Претседател на министерскиот совет на Бугарија
На должноста
23 ноември, 1946 – 2 јули, 1949
Претходник Кимон Георгиев
Наследник Васил Коларов
Чело на Меѓународното одделение на Комунистичката партија на СССР
На должноста
27 декември, 1943 – 29 декември, 1945
Претходник Воспоставена позиција
Наследник Михаил Суслов
Генерален секретар на Извршниот комитет на Коминтерната
На должноста
1935 – 1943
Претходник Вјачеслав Молотов
Наследник Прекината позиција
Лични податоци
Роден(а) Георги Димитров Михајлов
18 јуни 1882(1882-06-18)
Ковачевци, Кнежевство Бугарија
Починал(а) 2 јули 1949(1949-07-02) (возр. 67)
Барвишки санаториум, РСФСР, СССР
Партија Бугарска комунистичка партија
Сопружник
​
​
(в. 1906; починала 1933)​

Роза Јулиевна
​
​
(в. 1934; починала 1949)​
Професија типограф, револуционер, политичар

Георги Димитров роден Георги Димитров Михајлов, познат како Георги Михајлович Димитров во Русија (Ковачевци, 18 јуни 1882 — РСФСР, 2 јули 1949) — политичар од Бугарија со македонско потекло,[1] раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт. Поради неговите промакедонски ставови тој е претставен како предавник во псевдоисториската бугарска историографија.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Димитров во 1911 година

Рана политичка кариера

[уреди | уреди извор]

Димитров станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.

По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година.

Лајпцишки процес

[уреди | уреди извор]

По пожарот во Рајхстагот во Берлин на 27 февруари 1933 година, германските власти ги обвиниле комунистите за организирање заговор против државата и започнале масовни апсења и политички прогони. Во врска со пожарот биле уапсени холандскиот комунист Маринус ван дер Лубе, германскиот комунист Ернст Торглер како и Георги Димитров, Васил Танев и Благој Попов. Нивното судење, одржано пред Врховниот суд на Германија во Лајпциг од 21 септември до 23 декември 1933 година, е познато како Лајпцишки процес.

Димитров (стои во позадина десно) за време на своето излагање на судењето за пожарот во Рајхстагот, 1933 година.

Процесот привлекол големо меѓународно внимание, бидејќи националсоцијалистичката власт настојувала да докаже дека пожарот претставувал дел од организиран комунистички заговор. Особено внимание предизвикал Георги Димитров, кој одбил адвокатска одбрана и самиот се застапувал пред судот. За време на постапката тој ги оспорувал доказите на обвинителството и водел остри расправи со високи претставници на националсоцијалистичкиот режим, меѓу кои и Херман Геринг.

На 23 декември 1933 година судот го прогласил Маринус ван дер Лубе за виновен и го осудил на смрт, додека Ернст Торглер, Георги Димитров, Васил Танев и Благој Попов биле ослободени поради недостиг на докази. Пресудата претставувала неуспех за обидите на националсоцијалистичката власт да докаже постоење на меѓународен комунистички заговор поврзан со пожарот. Настапот на Димитров останал запаметен како еден од најпознатите примери на јавно спротивставување на националсоцијалистичкиот режим во неговите рани години. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.

Премиер на Бугарија

[уреди | уреди извор]
Јосиф Сталин и Георги Димитров во 1936 година.

По доаѓањето на власт на Татковинскиот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.

Во декември 1946 во Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Првпат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.[2] Бугарската историографија се обидува да изгради негативен лик на Димитров како божемен предавник на бугарската национална идеја.[3][4][5] Македонската историографија Димитров го цени како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.[6] Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество“ (4), „Георги Димитров комунист со светски маштап“, „Утрински весник“, број 2860, петок, 12 декември 2008.
  2. ↑ Документи за пописот на населението во Пиринска Македонија 1946 година[мртва врска]
  3. ↑ Българско историческо дружество - „Исторически преглед“, София, 1990, Институт за история към Българската академия на науките, стр. 55/56
  4. ↑ Добрин Мирчев - „Македонския въпрос в българо-югославските отношения“, София, 1994, Университетско издателсвто „Св. Климент Охридски“, стр. 277
  5. ↑ Веселин Ангелов - „Премълчани истини: Лица, събития и факти от българската история (1941-1989)“, София, 2005, ИК „Анико“, стр. 9
  6. ↑ Георги Димитров, Македонски крем на бугарското општество

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]