Прејди на содржината

Септемвриско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Септемвриско востание

Повик од Врачанскиот револуционерен комитет кон војниците испратени да го задушат Септемвриското востание
Датум 14 септември29 септември 1923
Место Царство Бугарија
Исход Победа на владата

• Бунтовниците се повлекуваат кон Стара Планина
• Репресија на луѓето со леви погледи

Завојувани страни
БКП
Земјоделци
Анархисти
Поддршка од:
Коминтерна
Бугарија Влада на Бугарија
ВМРО
Бугарија паравоени организации
Команданти и водачи
Георги Димитров
Васил Коларов
Бугарија Александар Цанков
Тодор Александров
Жртви и загуби
841 убиени непознато

Септемвриско востание (бугарски: Септемврийско въстание) – била вооружена побуна која во септември 1923 година ја извела Бугарската комунистичка партија под притисок на Коминтерната во обид да се собори новата влада на Александар Цанков која дошла на власт со пучот од 9 јуни. Покрај комунистите, востанието го поддржале и земјоделците и анархистите. Целта на востанието била "воспоставување на влада на работници и селани " во Бугарија, а не претворање социо-економскиот систем на земјата во комунизам.