Стара Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара Планиниа
Балкан
Triglav massif, Bulgaria.jpg
Поглед на Триглав
Највисока точка
ВрвБотев
Надм. вис.2.376 м
Координати42°43′00″N 24°55′04″E / 42.71667° СГШ; 24.91778° ИГД / 42.71667; 24.91778
Величина
Должина557 км запад-исток
Ширина15-50 км север-југ
Површина11.596 км²
Географија
ЗемјиБугарија и Србија
Координати43°15′N 25°0′E / 43.250° СГШ; 25.000° ИГД / 43.250; 25.000Координати: 43°15′N 25°0′E / 43.250° СГШ; 25.000° ИГД / 43.250; 25.000
Геологија
Вид карпагранит, гнајс и варовник
MontesBalcanes mk.svg

Стара Планина или Балкан (бугарски и српски: Стара планина; старогрчки Αίμος, Хемос; латински Haemus, Хемус) — планински венец во источниот дел на Балканскиот Полуостров, кој своето име го добил според неa. Таа се протега на запад од Источна Србија до Црното Море во Бугарија. Стара Планина се наоѓа по целата должина на територијата на Бугарија и ја дели, условно, на северна и јужна Бугарија. Највисок врв на Стара Планина е Ботев (2.376 м). Турското име „Балкан“ е извор на името за целиот Балкански Полуостров.

На нејзината територија има многу природни паркови, заштитени места и еден национален парк. Таа е еден од најголемите центри на ендемски и реликтни видови.[1] Поради добро изградената материјална база, чистиот воздух и планински карактер, Стара Планина често е омилена цел за туризам. На неа има 81 планинарски дом.

Географија, флора и фауна[уреди | уреди извор]

Геолошки, Стара Планина е млада планина и е дел од Алпско-хималаискиот ланец кој се протега низ поголемиот дел на Европа и Азија. Таа може да се подели на два дела: на Главен старопланински венец и Предбалкиот венец, кој постепено влегува во Дунавската рамнина. На југ Стара Планина граничи со Подбалканските котлини - 11 котлини кои се протегаат од границата со Србија на запад па до Црното Море на исток.

Старопланинскиот ланец се состои од околу 30 делови. Во поширока географска смисла планината се дели на три основни делови:

  • Западна Стара Планина - од Вршка Чука на границата со Србија до Арабаконашкиот Премин со вкупна должина од 190 км и со највисок врв Миџор (2.169 м).
  • Централна Стара Планина од Арабаконашкиот премин до преминот Вратник со должина од 207 км. Врвот Ботев (2.376 м) е највисокиот во планинскиот ланец и се наоѓа во тој дел.
  • Источна Стара Планина од преминот Вратник до ’ртот Емине со должина од 160 km и со највисок врв Бугарка (1.181 м). Источна Стара Планина претставува најниски дел од Старопланинскиот ланец.

Врвови[уреди | уреди извор]

Туризам[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хидробиология, Иван Борисов Матев и колектив, Pensoft Publishers, 2004 г., с. 158

Надворешни врски[уреди | уреди извор]