Прејди на содржината

Враца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Враца
Враца
град
Панорама на Враца со Врачанскиот Балкан во позадина
Панорама на Враца со Врачанскиот Балкан во позадина
Знаме на ВрацаГрб на Враца
Враца is located in Бугарија
Враца
Враца
Местоположба на Враца во Бугарија
Координати: 43°12′12.38″N 23°32′51.05″E / 43.2034389°N 23.5475139°E / 43.2034389; 23.5475139
ЗемјаБугарија
ОбластВраца
ОпштинаВраца
Управа
  ГрадоначалникКалин Каменов (ГЕРБ)
Површина
  Вкупна69,72 км2 (2,692 ми2)
Надм. вис.&10000000000000344000000344 м
Население (2022)
  Вкупно56,882
  Густина8,2/км2 (21/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски број3000
Повик. бр.+359 092
Мреж. местоvratza.bg

Враца (бугарски: Враца) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Враца и на Врачанската област. Градот е еден од најважните економски и културни центри во овој дел на земјата и претставува важна алка во транспортните врски кон Подунавјето. Има население од околу 56.882 жители (2022).[1]

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Враца е сместен во подножјето на Врачанскиот Балкан и претставува почетна точка кон ждрелото Вратцата и пештерата Леденика. Градот се наоѓа на 370 m надморска височина. Најсеверните станбени и индустриски квартови на градот се на 340 m н.в., додека најјужните, по течението на реката Лева, се на 400 m н.в.

Градот се наоѓа на 154 km од главниот град Софија (преку Ботевград), на 246 km од Пловдив, на 403 km од Варна и на 478 km од Бургас.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Враца има прекрасна околина.[2] Од југ се издигаат сиво-виолетовите карпи на Врачанскиот Балкан, на север, над ниското камено плато со меки и заоблени форми, се издига Милин Кам’к, а на исток се редат ниските врвови на ридот Веслец. Градот е по преминот „Вратцата“, кој со своите вертикални карпи е симбол на градот, како и по Регионалниот историски музеј, каде што се чува и изложува познатото Рогозенско богатство, кое вклучува едни од најстарите откриени златни и сребрени предмети на Траките.

Економија

[уреди | уреди извор]

На подрачјето на Враца се развиени многу гранки на индустријата: текстилна (производство на памучни ткаенини и свила), кројачка, прехранбена индустрија (пекарство, кондиторски производи, преработка на месо, преработка на млеко, производство на безалкохолни пијалаци и др.), експлоатација на карпести материјали за обложување (врачански варовник), мебелна, лесна индустрија, машиноградба (производство на стругови и глодалки), леење метали и металопреработка и други.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Константинов, Алеко. „София – Мездра – Враца“. www.slovo.bg. Посетено на 5 јули 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]