Казанлак
| Казанлак Казанлък | |
|---|---|
| град | |
Поглед на градот | |
| Местоположба на Казанлак во Бугарија | |
| Координати: 42°37′7.49″N 25°23′35.66″E / 42.6187472°N 25.3932389°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Стара Загора |
| Општина | Казанлак |
| Управа | |
| • Градоначалник | Галина Стојанова (ГЕРБ) |
| Површина | |
| • Вкупна | 36 км2 (14 ми2) |
| Надм. вис. | 407 м |
| Население (2022) | |
| • Вкупно | 48.989 |
| • Густина | 1,400/км2 (3,500/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| поштенски број | 6100 |
| Повик. бр. | +359 0431 |
| Мреж. место | kazanlak.bg |
Казанлак (бугарски: Казанлък) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Казанлак во Старозагорската Област. Има население од околу 48.989 жители (2022).[1]
Градот е сместен во подножјето на Стара планина. Познат е како град на сликарите и розите. Тој е индустриски центар и главен град на Розовата долина. Розата спаѓа меѓу значајните култури, која се користи како суровина во козметиката. Поради големото производство и употреба на казани (за варење на розовото масло) градот го добил своето име, кое потекнува од турскиот збор „казанлак“ (kazanlik — место каде се прават казани).
Во Казанлак се наоѓа наjголемата и наjдобра зачувана во Бугарија Тракиска гробница под заштита на УНЕСКО, историски музеj, музеj на розата. Во близина се наоѓа античкиот град Севтополис и долината на тракиските цареви. Претставува административен центар на опшина Казанлак.
Во градот се наоѓа и наjголемата воена фабрика на Балканот „Арсенал“, каде се произведуваат автоматските пушки „Калашников“, ловечки пушки, муниција и други огнени оружја.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слики од Казанлак Инфо Архивирано на 2 јуни 2013 г.
- http://www.kazanlak.bg
- http://www.kazanlak-bg.info
- http://www.kazanlak.com
- http://bulgaria.domino.bg/kazanlak/ Архивирано на 11 јули 2016 г.
- http://www.valgen.net
| Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||||
|