Лом
Лом
Население | 27 782 (01.03.2007) |
---|---|
Површина | км2 |
Административна поделба | Монтанска област |
Регистарска ознака | М (BG) |
Веб страна | www.lom.bg |
Градоначалник | Пенка Пенкова НДСВ |
Надморска висина | 20 m |
Координати: | 43° 49′ С, 23° 14′ И |
Лом (бугарски: Лом) е град во северозападниот дел на Бугарија и е административен центар на општината Лом. Се наоѓа во Монтанската област и е втор наjголем во областа. Сместен е краj бреговите на реката Дунав и реката Лом. На 162 km на југ од градот се наоѓа Софија, на 56 km северозападно е Видин, а на 49 km јужно е Монтана.
Лом е значаен дунавски град-пристаниште. Неговиот развиток како големо речно пристаниште, второ во Бугарија по Русе, е поради близината со главниот град Софија.
Лом е наследник на тракискиот град Артанес. Како дел од римската провинција Горна Мизија од 29 г.п.н.е е наречен Алмус и оттаму потекнува името на денешниот град и река Лом. Со името Лом Паланка се споменува во 1704 г. Со појавувањето на бродовите по Дунав од 1830 г. се зголемува и значењето на градот. Развиени се и транспортните врски кон Виена, Австрија. Тоа има и големо влијание над градската архитектура.
Мегу културните и природни знаменитости на Лом се историскиот музеj, античката тврдина Алмус, останките од Аспаруховиот ров, Борунската црква, споменикот на Цеко Воjвода и други.
![]() |
Оваа статија за место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|