Прејди на содржината

Смољан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Смољан
Смолян
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Смољан is located in Бугарија
Смољан
Смољан
Местоположба на Смољан во Бугарија
Координати: 41°34′31″N 24°42′46″E / 41.57528°N 24.71278°E / 41.57528; 24.71278
ЗемјаБугарија
ОбластСмољан
ОпштинаСмољан
Управа
  ГрадоначалникНиколај Мелемов (ГЕРБ)
Површина
  Вкупна134,59 км2 (51,97 ми2)
Надм. вис.&100000000000010020000001.002 м
Население (2022)
  Вкупно28.268
  Густина210/км2 (540/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски број4700
Повик. бр.+359 0301
Мреж. местоsmolyan.bg

Смољан или Смолен (бугарски: Смолян) — град во Јужна Бугарија, сместен на јужните падини на планината Родопи. Центар е на Општина Смољан и на Смољанска област. Во градот се наоѓа археолошки музеј, театар и астрономска опсерваторија.

Градот го добива своето име од словенското племе Смолјани, кое во раниот среден век ја населувало областа.

Географија

[уреди | уреди извор]

Од престолнината Софија, Смолен е оддалечен 240 км, а од најблискиот поголем град Пловдив, оддалечен е 100 км.

Смоленската Област се наоѓа во средишниот дел на Родопите на значителна надморска височина од 1.000 м, а околу градот се наоѓаат бројни планински врвови повисоки од 2.000 м надморска висина. Смолен е административен центар на највисока надморска височина во Бугарија. Местоположбата погодувала за развој на зимскиот и планинскиот туризам, па во близина на градот се развиле значајните туристички центри Пампорово и Чепеларе.

Низ Смолен протекуваат две реки, Черна (Црна) и Бјала (Бела).

Климата во градот е континентална со влијание на планинската клима заради големата надморска височина.

66% од општината Смолен е под шума, што е многу повисоко од државниот просек.

Историја

[уреди | уреди извор]

Околината на Смолен е населена уште од времето на Тракијците. Се смета дека градот името го добил по словенското племе Смоленци, кои ја населиле оваа област во почетокот на средниот век. Подоцна овој простор е под власт на Византија, средновековна Бугарија, Османлиското Царство.

Смолен особено се развил во текот на последниот дел од владеењето на Османлиското Царство во 19 век, кога градот бил познат под името Пашмакли и бил претежно населен со Бугари муслимани – Помаци. Во 1878 година, Смолен станува дел од новооснованата држава Бугарија.

Население

[уреди | уреди извор]
Катедралата „Св. Висарион Смоленски“
Црквата „Свети Никола“ во Устово

После Втората светска војна, Смолен броел околу 5.000 жители[1] Оттогаш градот расте од десетлетие во десетлетие, најмногу заради миграцијата село-град, како и миграцијата од околните помали гратчиња, и го достигнува својот врв во деведесеттите години на дваесеттиот век кога брои повеќе од 34.000 жители.[2]

ГрадСмолен
1887нема податоци
1910нема податоци
1934нема податоци
19465.406
19567.472
196517.448
197528.492
198531.539
199234.086
200133.153
200531.988
200731.922
200931.718
201130.642

Според последниот попис од 2011 година, етничкиот состав на градот е следниов:[3][4]

  • Бугари: 25.045 (97,0%)
  • Роми: 258 (1,0%)
  • Турци: 153 (0,6%)
  • Други: 120 (0,5%)
  • Недефинирани: 248 (1,0%)
  • Не се изјасниле: 4.818 (15,7%)

Вкупно: 30.642

Поголем дел од населението се православни, а помал се муслимани.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „„pop-stat.mashke.org". Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 2016-10-21.
  2. (англиски) „WorldCityPopulation“
  3. (бугарски) Population on 01.02.2011 by provinces, municipalities, settlements and age; National Statistical Institute Архивирано на 8 септември 2013 г.
  4. Population by province, municipality, settlement and ethnic identification, by 01.02.2011; Bulgarian National Statistical Institute Архивирано на 22 април 2012 г. (бугарски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]