Прејди на содржината

Петрич

Координати: 41°24′N 23°13′E / 41.400° СГШ; 23.217° ИГД / 41.400; 23.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Петрич
Петрич
Поглед на Петрич
Грб на Петрич
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
Управа
 • ГрадоначалникДимитар Бручков
Површина
 • Градска80,421 км2 (31,051 ми2)
Надм. вис.&10000000000000168000000168 м
Население (2015)[1]
 • Градско30.722
 • Густина0,38/км2 (0,99/ми2)
 • Градскo54.006
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2850
Повик. бр.(+359) 0745
Мреж. местоСлужб. страница

Петрич (бугарски: Петрич) — град во Петричко, Југозападна Пиринска Македонија, денес во Бугарија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот е сместен во Петричкото Поле северно од планината Беласица, а во негова близина се наоѓаат и селото Рупите и храмот Св. Петка на познатата пророчка Ванѓа и Самуиловата тврдина во селото Клуч. Во близината на градот се наоѓаат и два гранични премина: „Златарево“ кон Република Македонија и „Кулата“ кон Егејска Македонија, Грција. Низ градот тече реката Луда Мара, која е десна притока на Струмешница. Сè до влегувањето на Бугарија во ЕУ, Петрич претставуваше важен трговски центар за граѓаните од Македонија кои во Петрич се снабдуваа со разна евтина стока.

Историја

[уреди | уреди извор]

За првпат градот се споменува во 1376-1377 година во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш, коишто овдешните имоти ги подариле на рускиот манастир „Свети Пантелејмон“ на Света Гора.

Градот паѓа под османлиска власт по 1395 година, кога заедно со неговата околина е вклучен во состав на Ќустендилскиот санџак и претставува центар на самостојна нахија. Во текот на османлиското владеење Петрич сè повеќе добива муслимански лик. Во 1652 година, османлискиот патописец Евлија Челебија го посетува Петрич и за него запишал, дека паланката има 240 убаво уредени куќи со градини. Има две маали со џамија, параклис, два ана и само една бања. Центар е на каза со 80 села. Има 50 дуќани, што укажува на нивото на занаетиството и трговијата во градот.[2]

Петрич е првенствено познат по производството на пченица, пченка, 'рж, овес, памук, ориз, тутун, афион, овошје, а важно место заземаат и костените. Во периодот XVI-XIX век, западно од градот, во атарот на селото Долене, се одржувал познатиот Доленски панаѓур кој бил еден од најголемите панаѓури во европскиот дел на Османлиското Царство.[3]

Во XIX век во градот се населуваат македонски семејства од планинските огражденски села, потоа од Негушко, Гостиварско и други места од Македонија.

Во 1845 година, рускиот славист Виктор Иванович Григорович, на пат од Струмица за Сер го посетува градот и го споменува во неговата книга „Опис на патувањето низ Европска Турција“:

Гратчето Петрич е полно со трошни куќи и убави градини. Нема ниту црква, ниту училиште. Ако се верува на кажувањата на жителите, нивната изградба не ја дозволувале Турците.[4]

Во 1857 година е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во неа се воведува богослужба на грчки јазик, а во дворот на црквата се отвора грчко училиште.[5]

Во 1868 година завршена е изградбата на црквата „Свети Никола“, која се претвора во центар на борбата против грчката пропаганда во градот.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Во 1889 година, Стефан Верковиќ во неговата книга „Топографско-етнографски опис на Македонија“ пишува за Петрич:

Градот лежи на реката Струмица, во подножјето на планината Беласица. Има околу 100 продавници и неколку гостилници, 2 цркви, 1 училиште, 2 џамии и 1 муслиманско училиште. Претставува седиште на мудур, кадија и секоја среда е пазарен ден.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петрич живееле 7.190 жители, од кои 4.600 Турци, 2.450 Македонци[7], 100 Роми и 40 Власи.[8]

Во периодот 1913 - 1925 година во градот се доселиле голем број бегалци од Егеjскиот и Вардарскиот дел на Македонија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Петрич е втор град по големина во Благоевградската област.[9]

Според пописот од 2011 година, во Петрич живееле 28.902 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 23.967 82,92
Роми 2.309 7,98
Турци 86 0,29
други 78 0,26
не се самоопределиле 116 0,40
не одговориле 2.346 8,11
Вкупно 28.902 100
Центарот на Петрич

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[7]

Во пописот од 1956 година, кога имало можност за самоопределување на македонски народ, вкупно 82,64 % од населението во Петричката околија се декларирале како Македонци.[10]

На табелата е прикажан бројот на населението во Петрич за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 10.120 13.493 16.401 20.639 24.379 26.482 27.659 29.606 28.902

На Градскиот стадион "Цар Самоил" во Петрич игра ФК „Беласица“. Фудбалот во Бугарија започнал да се развива во почетокот на XX век. ФК "Беласица" бил формиран 1920 година, претходно се нарекувал "Мануш војвода", "Л. Весов", "Македонија", "Илинден" и "Динамо", од 1957 година го добива името "Беласица". Дел е од А група од 1980 до 1984. Во бугарската Прва лига е во сезоната 2004/2005.

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Untitled“. Grao.bg. Посетено на 2015-03-15.
  2. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр. 280 – 282.
  3. Петър Петров. Долянският панаир, списание „Македонски преглед“, 1994, кн. 4, стр. 59 – 82
  4. Викторъ Григоровичъ. „Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“. Москва, 1877.
  5. Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 29.
  6. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 111.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 191.
  9. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  10. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 5 Архивирано на 20 мај 2013 г. До днес не e ясно, дали в България има значим брой хора, които се чувстват като “Македонци”, макар резултатите от преброяването през 1956 г. да посочват техния брой на почти 200000 (виж табл. 5). Тези резултати обаче са грубо фалшифицирани - в онова време върху населението на Пирин планина се упражнява масивен натиск да се признаят за “Македонци”.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]