Прејди на содржината

Негуш (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Негушко)
Општина Негуш
Δήμος Νάουσας

Карта на општината на Херојскиот Град Негуш

Центарот на Негуш.
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Иматија
Гео. област: Сланица
Население: 32.319 (2021)
Седиште: Негуш
Нас. места: 23
Пошт. бр.: 592 00
Пов. бр.: 23320-2
Портал: naoussa.gr

Херојски Град Негуш или само Негуш (грчки: Δήμος Ηρωικής Πόλεως Νάουσας, Димос Ироикис Полеос Наусас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Негуш.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Општината Негуш е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на три стари општини: Негуш, Антемија и Иринуполи.[1]

Напомена: Називите на општините „Антемија“ и „Иринуполи“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Антемија

[уреди | уреди извор]

Општинската единица Антемија со седиште во село Копаново (Копанос) опфаќа 7 села во областа Сланица:

Поранешната општина Антемија на картата на некогашниот округ Иматија
  • Општински оддел Копаново
  • Општински оддел Голишани
  • Општински оддел Долно Копаново
  • Општински оддел Миноштица
  • Општински оддел Пископија
  • Општински оддел Цармариново

Општинска единица Негуш

[уреди | уреди извор]

Општинската единица Негуш го опфаќа градот Негуш, 9 села и еден туристички центар во областа Сланица:

Поранешната општина Негуш на картата на некогашниот округ Иматија
  • Општински оддел Негуш
  • град Негуш (Νάουσα, Науса)
  • Станица Негуш (Σταθμός Νάουσας, Статмос Наусас)
  • село Горно Шел (Άνω Σέλι, Ано Сели)
  • село Гимново (Νέα Στράντζα или Ροδακινέα, Неја Странѕа или Родакинеја) новосоздадено
  • туристички центар Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) новосоздадено
  • Општински оддел Аркудохор
  • Општински оддел Голема Река
  • Општински оддел Јанаково
  • Општински оддел Хоропан

Општинска единица Иринуполи

[уреди | уреди извор]

Општинската единица Иринуполи со седиште во село Берска Вештица (Ангелохори) опфаќа 5 села во областа Сланица:

Поранешната општина Иринуполи на картата на некогашниот округ Иматија
  • Општински оддел Берска Вештица
  • Општински оддел Воденска Вештица
  • Општински оддел Горно Жервохор
  • село Горно Жервохор (или Горно Червор; Άνω Ζερβοχώρι, Ано Зервохори)
  • село Жервохор (или Червор; Παλαιό Ζερβοχώρι, Палео Зервохори)
  • село Ново Село (Αρχάγγελος, Архангелос)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]