Вештица Берска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вештица Берска
Αγγελοχώρι
Вештица Берска се наоѓа во Грција
Вештица Берска
Координати: 40°41′ СГШ 22°12′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Иматија
Општина Негуш
Општ. единица Иринуполи
Надм. вис. 25 m (82 ft)
Население (2011)[1]
 • Вкупно 1,701
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 590 34
Повик. бр. 23320-4

Вештица Берска или само Вештица (грчки: Αγγελοχώρι, Ангелохори; книжевно: Αγγελοχώριον, Ангелохорион; до 1926 година: Βέτιστα, Ветиста или Βέτσιστα, Вециста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Вештица Берска е средиште на архијерејското намесништво Иринуполи на Берско-негушко-камбанијската епархија на Грчката православна црква.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Негуш и 12 километри југоисточно од Вртикоп, на надморска височина од 25 метри.[4] Селскиот атар зафаќа површина од 14 квадратни километри.

Сместено е во Солунското Поле. Маалото, сместено на западната страна на реката Вода, од 1920-тите години на XX век се смета за одделно село - Вештица Воденска.

Историја[уреди | уреди извор]

И ова село, како и сите села во околината, до 1924 година била населено исклучително со македонско население.[4]

По 1924 година, по Лозанскиот договор, турското население на Вештица е иселено во Турција, а многу од нив заминале во Бугарија.[5] По Првата светска војна, во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Вештица претставува мешана населба со 97 бегалски семејства со вкупно 375 жители.[6]

Во 1926 година, селото било преименувано во Ангелохори (Αγγελοχώρι).[7]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи се наоѓа во богатото Солунско Поле, каде што се извршени мелиорации и каде постои развиена мрежа за наводнување, селото е многу богато, а неговото население главно се занимава со земјоделство. Главни земјоделски производи се големите количества овошје, пченица и памук. Развиено е и сточарството со голем добиточен фонд, посебно на млечни крави.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вештица живееле 500 Македонци.[4][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вештица имало 664 Македонци.[9]

Во 1910 година, во Вештица имало 244 жители.[10]

Во пописот од 1913 година било забележано со 513, а во 1920 година со 592 жители. По 1923 година тука биле населени поголем број бегалски семејства од Понд (според официјалните податоци 385 бегалци), така што селото станало мешана населба со македонско и грчко население, кое во 1928 година броело 721 жител. Поради понатамошното населување и на други бегалски семејства по 1928 година, во 1940 година селото нараснало на 1.132 жители, во 1951 година имало 1.292, во 1961 година 1.511 жители, во 1971 година 1.575, а во 1981 година 1.670 жители. Во пописот од 1991 година, Берска Вештица била забележана со 2.635 жители, во која бројка биле пресметани и жителите од соседното село Воденска Вештица, кое како такво престанало да постои како посебна населба.[4]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.707 жители. Со овој попис, селото Воденска Вештица повторно се водело како посебна населба. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.701 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.132 1.292 1.511 1.575 1.670 2.635 1.707 1.701
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Берска Вештица, во кој е единствено село.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βέτιστα - Αγγελοχώρι
  3. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Ενορίες
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31. 
  5. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  8. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Белешки[уреди | уреди извор]