Свети Никола (Негушко)

Координати: 40°39′N 22°06′E / 40.650° СГШ; 22.100° ИГД / 40.650; 22.100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Άγιος Νικόλαος
Свети Никола is located in Грција
Свети Никола
Свети Никола
Местоположба во областа
Свети Никола во рамките на Негуш (општина)
Свети Никола
Местоположба на Свети Никола во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°06′E / 40.650° СГШ; 22.100° ИГД / 40.650; 22.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&10000000000000290000000290 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно213
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) — новооснована населба и туристички центар, кое се смета за одделно село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во непосредна близина, на неколку километри западно од градот Негуш, на надморска височина од 290 метри.[2]

Сместено е на реката Арапица, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја[уреди | уреди извор]

Свети Никола претставува новооснована населба, која за првпат е спомената со пописот од 1991 година.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во населбата, која претставува туристички центар, главно занимање е туризмот.[2]

Население[уреди | уреди извор]

За првпат како посебна населба се спомнува со пописот од 1991 година со 217 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 161 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 217 161 213
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.