Фетица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фетица
Πολλά Νερά
Фетица is located in Грција
Фетица
Фетица
Местоположба во областа
Фетица is located in Негуш (општина)
Фетица
Местоположба на Фетица во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 22°05′E / 40.717° СГШ; 22.083° ИГД / 40.717; 22.083Координати: 40°43′N 22°05′E / 40.717° СГШ; 22.083° ИГД / 40.717; 22.083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаАнтемија
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно139
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Фетица или Фечишта (грчки: Πολλά Νερά, Пола Нера; до 1926 година: Φέτσιστα, Фециста или Φέτιτσα, Фетица[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на девет километри североисточно од градот Негуш и 26 километри северно од градот Бер, на надморска височина од 150 метри.[3]

Сместено е во областа Сланица, на североисточните падини на планината Каракамен.

Историја[уреди | уреди извор]

И ова село, како и сите села од околината, поради масовното учество на неговото македонско население во Негушкото востание во 1822 година било срамнето со земја од турскиот аскер, а жителите кои успеале да се спасат од јатаганите на аскерот и башибозукот се раселиле на сите страни. Долги години потоа селото останало пусто. Само повремено се користело од сточарски влашки семејства, поради што и не се споменува како населба во минатото.[3]

Во 1924 година, во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Фетица е бегалско село со 33 бегалски семејства со вкупно 82 жители.[4].

Во 1926 година, селото било преименувано во Пола Нера (Πολλά Νερά).

Фетица повторно настрадала во зимата 1944 година, кога била запалена од Германците, а нејзините жители биле принудени да се раселат. По завршувањето на Втората светска војна, селото повторно било обновено.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Покрај со сточарство, за кое постојат одлични услови, населението се занимава и со земјоделство, бидејќи дел од земјата се наводнува. Главен земјоделски производ е пченицата, а во голема мера е развиено и овоштарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Фетишта имало 24 Власи.[5]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано како посебна населба со зголемен број на жители, односно со 514, веројатно Власи сточари, додека во пописот од 1920 година не се спомнува, бидејќи влашките семејства со своите стада зимувале во полето. Селото било обновено по 1923 година, кога покрај влашките семејства во него биле сместени и бегалски семејства (вкупно 78 бегалци). Како такво, селото во 1928 година било попишано со 340, а во 1940 година со 208 жители. Селото било запалено од Германците во зимата 1944 година, поради што неговите жители го напуштиле. По нормализирањето на ситуацијата, селото било обновено, така што во пописот од 1951 година биле попишани 217, во 1961 година 254, во 1971 година 169, во 1981 година 185, а во 1991 година 163 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 154 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 139 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 208 217 254 169 185 163 154 139
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цармариново, во кој покрај Фетица влегува и селото Цармариново.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Φέτσιστα - Πολλά Νερά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 38. 
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.