Копаново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копаново
Κοπανός
Глетка од центарот на Копаново
Глетка од центарот на Копаново
Копаново се наоѓа во Грција
Копаново
Координати: 40°38′ СГШ 22°08′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Иматија
Општина Негуш
Општ. единица Антемија
Надм. вис. 80 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 1,853
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 590 35
Повик. бр. 23320-41

Копаново или Горно Копаново (понекогаш се сретнува и како: Купаново и Горно Купаново; грчки: Κοπανός, Копанос; до 1953 година: Άνω Κοπανός, Ано Копанос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Биста на богот Олганос од II век п.н.е., откриена во Копаново и изложена во Берскиот археолошки музеј
Бисти на маж и жена од крајот на IV век, откриени во Копаново, изложени во Солунскиот археолошки музеј

Селото се наоѓа на седум километри источно од градот Негуш, крај самата железничка линија Солун-Бер-Воден, на надморска височина од 80 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 8 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на Солунското Поле, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја[уреди | уреди извор]

На 1 март 1911 година меѓу Горно и Долно Копаново, грчка чета била двајца селани.[4]

Во 1920-тите години во селото биле населени 186 понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Горно Копаново претставува мешана населба со 94 бегалски семејства со вкупно 374 жители.[5]

Горно Копаново до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1953 година селото било преименувано во Копанос (Κοπανός).[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на селото, главно се занимава со земјоделство. Речиси сите обработливи површини се претворени во овоштарници и буквално целото село е опколено од нив.[3]

Бидејќи е развиено овоштарството (насадени се 6.000 декари со овошје) и селото претставува центар на целиот овоштарски регион, во Горно Копаново е изградена фабрика за преработка на овошје, како и голем ладилник, кои делумно ги задоволуваат потребите на производителите на овошје.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Горно Купаново живееле 175 Македонци.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Купаново имало 232 Македонци.[8]

Во 1910 година во Горно Копаново (Άνω Κοπανός) имало 185 жители.[9]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 210, а во 1920 година со 228 жители. По 1924 година тука биле населени и бегалски семејства од Понд (вкупно 186 бегалци), така што Горно Копаново станало мешана населба, која во 1928 година пораснала на 647 жители. Во 1940 година, селото било попишано со 968 жители, во 1951 година со 1.181, во 1961 година со 1.383, во 1971 година со 1.567, во 1981 година 1.851, а во 1991 година со 1.993 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 2.144 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.853 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 968 1.181 1.383 1.567 1.851 1.993 2.144 1.853
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Копаново, во кој е единствено село.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Копаново

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Κοπανός - Κοπανός
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 33. 
  4. Дебърски глас, година 2, брой 34, 6 март 1911, стр. 4.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  9. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Белешки[уреди | уреди извор]