Миноштица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миноштица
Μονόσπιτα
Миноштица is located in Грција
Миноштица
Миноштица
Местоположба во областа
Миноштица is located in Негуш (општина)
Миноштица
Местоположба на Миноштица во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 22°10′E / 40.617° СГШ; 22.167° ИГД / 40.617; 22.167Координати: 40°37′N 22°10′E / 40.617° СГШ; 22.167° ИГД / 40.617; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаАнтемија
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно897
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Миноштица (грчки: Μονόσπιτα, Моноспита; до 1926 година: Μινόστιτσα, Миностица) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на десетина километри од градот Негуш и на исто толкава растојание северозападно од градот Бер, на надморска височина од 45 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 13 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, во западниот дел на пространото Солунското Поле, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Низ селото тече реката Арапица.

Историја[уреди | уреди извор]

И ова село, како и сите села во околината, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[2]

Во 1924 година, во селото биле населени 157 тракијски Грци, бегалци од Бугарија. Во 1928 година, Миноштица претставувала мешана населба со 8 бегалски семејства со вкупно 32 жители.[3].

Во 1926 година, селото било преименувано во Моноспита (Μονόσπιτα).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на селото, главно се занимава со земјоделство. Околу селото постојат големи плантажи со овоштарници, во прв ред праскарници, но се одгледува и памук и малку пченица.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Миноштица (Моноснита) живееле 170 Македонци.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Литоштица (Моноспито) имало 240 Македонци.[5]

Во 1910 година во Миноштица (Μονόσπητον) имало 240 жители.[6]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 265 жители (од кои 132 мажи и 133 жени[7]), колку што имало и во 1920 година. Поради плодноста на почвата, по 1924 година тука биле сместени и бегалски грчки семејства преселени од Бугарија (вкупно 157 бегалци), така што селото станало мешана населба. Миноштица во 1928 година имала 541 жител, во 1940 година 766, во 1951 година 864, во 1961 година 941, во 1971 година 929, во 1981 година исто така 929, а во 1991 година 969 жители. Сите статистички показатели говорат за постојано зголемување на бројот на жителите, што се должело на големата плодност на почвата, која речиси целосно се наводнува.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 916 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 897 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 766 864 941 929 929 969 916 897
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Миноштица, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Миноштица

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Фудбалски клуб „Елпида“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 36. 
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  6. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  7. Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Белешки[уреди | уреди извор]