Горно Жервохор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Жервохор
Άνω Ζερβοχώρι
Горно Жервохор is located in Грција
Горно Жервохор
Горно Жервохор
Местоположба во областа
Горно Жервохор во рамките на Негуш (општина)
Горно Жервохор
Местоположба на Горно Жервохор во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°40′N 22°14′E / 40.667° СГШ; 22.233° ИГД / 40.667; 22.233Координати: 40°40′N 22°14′E / 40.667° СГШ; 22.233° ИГД / 40.667; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаИринуполи
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно731
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горно Жервохор или Ново Жервохор (грчки: Άνω Ζερβοχώρι, Ано Зервохори; книжевно: Άνω Ζερβοχώριον, Ано Зервохорион; до 1940 година: Нео Зервохори[2]) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Негуш и на речиси исто растојание северно од градот Бер и југоисточно од Вртикоп, на надморска височина од 20 метри.[3]

Сместено е на 1 километар северозападно од старото село Жервохор на земјиште, кое се појавил по исушувањето на Ениџевардарското Езеро во 1932 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото претставува нова бегалска населба, изградена по 1932 година, во која се населиле бегалски семејства од Понд, кои добиле земја од новоисушеното Ениџевардарско Блато.[3]

Во 1940 година, селото било преименувано во Ано Зервохори (Άνω Ζερβοχώρι).[4].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Благодарение на вонредно плодната почва и наводнувањето на обработливите површини (за што постои наводнувачка мрежа), подигнати се плантажи со праски и друго овошје, а се произведува и многу памук и пченица.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Првпат било спомнато во пописот од 1940 година со 513 жители. Во 1951 година било забележано со 665, во 1961 година со 838, во 1971 година со 607, во 1981 година со 714, а во 1991 година со 727 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 666 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 731 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 513 665 838 607 714 727 666 731
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Горно Жервохор, во кој покрај Горно Жервохор влегуваат и селата Жервохор и Ново Село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέον Ζερβοχώρι - Άνω Ζερβοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 33.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Белешки[уреди | уреди извор]