Прејди на содржината

Хоропан

Координати: 40°36′N 22°07′E / 40.600° СГШ; 22.117° ИГД / 40.600; 22.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хоропан
Στενήμαχος
Хоропан is located in Грција
Хоропан
Хоропан
Местоположба во областа
Хоропан во рамките на Негуш (општина)
Хоропан
Местоположба на Хоропан во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°07′E / 40.600° СГШ; 22.117° ИГД / 40.600; 22.117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно710
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Хоропан или Рупан (грчки: Στενήμαχος, Стенимахос; до 1953 година: Χοροπάνι, Хоропани, книжевно: Χοροπάνιον, Хоропанион[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Негуш и на 12 километри северозападно од градот Бер, на надморска височина од 140 метри.[3] Вкупниот селски атар зафаќа површина од 12 квадратни километри.

Сместено е на североисточното подножје на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Во атарот на Хоропан влегува и уништеното село Дихалеври (Διχαλεύρι), родното место на револуционерот Димитар Караташо (1798-1861).[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

И ова село, како и сите околни, настрадало во Негушкото востание од 1822 година, кога било срамнето со земја. Подоцна делумно било обновено и користено од сточарските влашки семејства.[3]

Во селото биле населени Грци од бугарскиот град Станимака (денес Асеновград). По Првата светска војна, во селото повторно биле населени грчки бегалци, од Станимака, како и понтски Грци, бегалци од Понд, како и Власи Каракачани. Во 1928 година, Хоропан претставувало мешана населба со 119 бегалски семејства со вкупно 522 жители.[5]

Во 1953 година, името на селото било преименувано во Стенимахос (Στενήμαχος), грчки облик на името Станимака.[6] Причината за преименувањето доаѓа од бројноста на грчките бегалци, кои дошле од истоимено место. Од таа причина, денес градот Негуш е збратимен со бугарскиот град Асеновград.

Денес, населението во Хоропан е составено од 80% потомци на грчките бегалци од Станимака, а останатите се понтски Грци и Власи Каракачани.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главни производи на населението се грозјето и памукот, а делумно е развиено и сточарството.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 80 Македонци христијани.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Хоропан имало 104 Македонци.[8] Иако К’нчов и Бранков го прикажуваат како македонска населба со 80 односно 104 жители, таа веројатно била населена со Власи.

На пописот во 1912 година, селото било забележано со влашки јазик и христијанска религија.[9]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 449 (од кои 232 мажи и 217 жени[9]), а во 1920 година со 251 жител, сите бегалци. Во селото подоцна била сместени и други бегалски семејства, така што бројот на жителите пораснал и во 1928 година биле забележани 691 жител, во 1940 година 763, во 1951 година 663, во 1961 година 779, во 1971 година 726, во 1981 година 819, а во 1991 година 806 жители. Околу 80% од жителите се бегалци од Стенимахос, а останатите се Власи и нешто бегалци од Понд.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 777 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 710 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 763 663 779 726 819 806 777 710
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хоропан, во кој е единствено село.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Хоропан
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χοροπάνιον - Στενήμαχος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 38–39.
  4. „Στενήμαχος“. Архивирано од изворникот на 2011-12-09. Посетено на 2016-03-14.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Δήμος Νάουσας. Στενήμαχος“. naoussa.gr. Архивирано од изворникот на 2017-12-15. Посетено на 14 март 2016.
  7. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  9. 9,0 9,1 „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.