Цармариново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цармариново
Μαρίνα
Цармариново is located in Грција
Цармариново
Цармариново
Местоположба во областа
Цармариново во рамките на Негуш (општина)
Цармариново
Местоположба на Цармариново во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°42′N 22°06′E / 40.700° СГШ; 22.100° ИГД / 40.700; 22.100Координати: 40°42′N 22°06′E / 40.700° СГШ; 22.100° ИГД / 40.700; 22.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаАнтемија
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,042
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Цармариново или Црно Мариново (грчки: Μαρίνα, Марина; до 1926 година: Σερμαρίνοβο, Сермариново, Σερμορίνοβο, Сермориново; книжевно: Σερμορίνοβον, Сермориновон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на осум километри североисточно од градот Негуш и 10 километри југозападно од Вртикоп, на надморска височина од 140 метри.[3]

Сместено е во областа Сланица, на североисточните падини на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Во селото се наоѓа и Цармариновскиот манастир „Преображение Христово“, кој влегува во Воденската митрополија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1923 година во селото биле населени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Цармариново претставувало мешана населба со 65 бегалски семејства со вкупно 270 жители.[4]

Селото Цармариново, како и другите околни села, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1926 година, селото било преименувано во Марина (Μαρίνα).[5]

Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“, се наведува дека и денес во селото поголем дел од населението е македонско, а околу една третина потомци на грчките бегалци.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е прилично богато, бидејќи се наоѓа во самото поле, а дел од обработливата почва се наводнува и дава високи приноси. Главен производ е овошјето, а се сее и пченица. Делумно е развиено и сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Цар-Мариново (Црно Мариново) живееле 400 Македонци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цармариново имало 208 Македонци.[7]

За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 223, а во 1920 година со 414 жители. По 1923 година во селото биле сместени помал број бегалски семејства. Така, селото станало мешано, во него во 1928 година имало 558 жители, во 1940 година 786, во 1951 година 827, во 1961 година 994, во 1971 година 972, во 1981 година 957, а во 1991 година 1.036 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.076 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.042 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 786 827 994 972 957 1.036 1.076 1.042
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цармариново, во кој покрај Цармариново влегува и селото Фетица.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Манастири
Кули


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σερμορίνοβον - Μαρίνα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  5. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.

Белешки[уреди | уреди извор]